Реклама
Македонија

Работилница за современите начини на примена на вештачката интелигенција во образованието

На Факултетот за образовни науки во Штип денеска ќе се одржи работилница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Факултетот за образовни науки во Штип денеска ќе се одржи работилница на тема „Планирање час со Noticing: Како вештачката интелигенција им помага на наставниците да ги доразвијат сопствените идеи“.

Настанот е посветен на современите начини на примена на вештачката интелигенција во образованието, со акцент на унапредување на наставните практики и поттикнување на креативноста кај наставниците.

Работилницата ќе ја водат ко-авторите д-р Елена Ончевска Агер, од Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и независниот истражувач Д-р Метју Агер. Модератор на настанот ќе биде проф. Кирил Барбареев.