Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Работилница „Разбивање на меѓународните криминални организации и мрежи за трговија со дрога” во Охрид

Јавниот обвинител на Република Македонија и повеќе јавни обвинители денеска во Охрид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавниот обвинител на Република Македонија и повеќе јавни обвинители денеска во Охрид учествуваат на работилницата „Разбивање на меѓународни криминални организации и мрежи за трговија со дрога“, во организација на Амбасадата на САД и програмите на американскиот Стејт департмент и на Департментот за правда.

„Организираниот криминал предизвикува нестабилност и ја поткопува довербата во државата и во сите нејзини структури. Затоа спречувањето на активностите на организираните криминални групи не е предизвик само за истражните органи, туку и за општеството и за сите институции во целина. Отпорноста кон овој вид сложен криминал бара цврсти релации на меѓународна соработка, ефикасни кривични постапки, но и цврсти законодавни и антикорупциски политики. Без сите овие алки борбата ќе биде залудна“, рече јавниот обвинител Коцевски во почетното обраќање.

Тој се осврна на важноста на истражните центри во јавните обвинителства, на посебните истражни мерки и на искористувањето на новите механизми за меѓународна соработка и канали за размена на информации во постапките за разоткривање на овие криминални мрежи.

Реклама

„Би сакал да ве известам дека донесов одлука и во постапка е веќе регрутирање на истражители за два нови истражни центри кои ќе функционираат во обвинителствата во Битола и во Штип. Покрај оние во Скопје, Тетово, Куманово и во ОЈОГОКК, двата нови истражни центри значително ќе ја зајакнат обвинителската структура и ефикасноста на постапките“, рече Коцевски кој се заблагодари за поддршката од САД за опремување на истражните центри.

На состанокот покрај јавните обвинители, учествуваат и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, претставници на Министерството за внатрешни работи и судии од неколку судови.

На дводневната работилница ќе се дискутира за прегледот на организираниот криминал во државава, предизвиците и заканите во активностите за негово сузбивање, американските најдобри практики во борбата против мрежите за трговија со наркотици. Воедно, ќе бидат разгледани конкретни предмети, неопходните реформи и следните чекори за зголемена ефикасност.