Реклама

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Македонија

Работилница наменета за државните институции за плаќањето преку СЕПА

Народната банка соопшти дека организирала работилница наменета за државните институции за практичните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народната банка соопшти дека организирала работилница наменета за државните институции за практичните аспекти при вршење плаќања во евра во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА).

– Ова е прва ваква работилница наменета за државата и државните органи, на која присуствуваа вработени од 60-ина институции, кои се вклучени директно во извршувањето одливни и приливни плаќања со странство – информира централната банка.

Во текот на дискусијата било оценето дека СЕПА овозможува побрзи, поевтини и потранспарентни плаќања во евра, со предвидливи трошоци и поедноставени процедури. Со плаќањата преку СЕПА државните институции имаат значително пониски надоместоци за одливните плаќања и намалени надоместоци за приливите во споредба со кореспондентното банкарство, што значи значителна заштеда за државните институции кои редовно вршат плаќање во четириесетте земји од СЕПА, особено кај плаќањата поголеми износи.

Реклама

Работилницата е дел од активностите на Народната банка за појаснување на можностите за подобро искористување на придобивките по оперативното приклучување на Народната банка кон СЕПА.