Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Пуштена во употреба реконструираната спортска сала во штипското училиште „Димитар Влахов“

Општинското основно училиште (ООУ) „Димитар Влахов“-Штип од денеска има реконструирана спортска сала,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општинското основно училиште (ООУ) „Димитар Влахов“-Штип од денеска има реконструирана спортска сала, во која учениците од прво до деветто одделение ќе ја реализираат наставата по предметот физичко.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска и градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов беа во посета на училиштето, каде што учат околу 930 ученици. Министерката Јаневска при посетата истакна дека реконструкцијата на салата е во вредност од околу 10 милиони денари, а реализацијата на овој проект е во рамките на проектот на Владата со кој е опфатена реконструкција на 30 спортски сали и изградба на уште 30 спортски сали. 

-Реконструкцијата на салите ја правиме со помош на Европската Унија, односно Банката за развој на Советот на Европа. ​Големо е задоволството затоа што сите овие дечиња што овде ги гледаме треба да спортуваат за да можат правилно да го развиваат и нивното тело, но, секако и нивниот дух, затоа што е значајно тоа да е избалансирано. Им честитам на учениците, им честитам на наставниците, му честитам и на градоначалникот кој континуирано покажува особен интерес за образовните инфраструктури, и за спортот и за образованието-рече Јаневска. 

Реклама

Градоначалникот на општина Штип Јорданов додаде дека благодарение на поддршката на Министерството за образование, се овозможи реконструкција на оваа училишна спортска сала, која за Штип значи многу, затоа што во минатото од неа произлегле многу спортисти, кошаркари, одбојкари од населбата Сењак, од околните населби кои гравитираат до училиштето „Димитар Влахов“. 

-Верувам дека тоа така и ќе биде, затоа што во посовремени, помодерни услови ќе ги мотивираме младите генерации, учениците да спортуваат, да рекреираат, да водат еден здрав живот, здрави навики. Инвестирањето во спортот е инвестирање во иднината. Уште еднаш ја користам оваа прилика да се заблагодарам на Министерството за образование затоа што со финансиската поддршка којашто ја овозможија, успеавме во крајната цел да ја реконструираме и оваа училишна спортска сала-рече Јорданов.

Тој додаде дека на територија на општина Штип веќе  во најголем дел се реконструирани училишните, но и останатите спортски објекти, спортската инфраструктура што е основата за развој на спортот.