Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Прилози

Пуштена во употреба пругата Куманово – Бељаковце

Пуштена во употреба пругата Куманово – Бељакловце во должина од 31 километар.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пуштена во употреба пругата Куманово – Бељакловце во должина од 31 километар. Трасата е дел од Коридорот 8 односно прва фаза од железничкото поврзување со Бугарија.

Последниот воз кој сообраќал на оваа рута бил во 1996 година. Според најавите за две до три недели ќе биде пуштена и линијата Скопје – Куманово, а два – 3 пати неделно ќе има линија Куманово – Бељаковце

Да се заврши пругата на време бил сериозен предизвик. Проектот за кој се зборува со децении чини 78 милиони евра, а ќе биде од огромно значење за граѓаните и економијата. Премиерот Мицкоски уште еднаш потенцираше дека изградбата на паневропските коридори 8 и 10 е приоритет за Владата

Реклама

Она што претставува една важна симболика е што изградбат на ова пруга претставува и еден синоним за победа на една неуспешна и криминална транзиција и победа над сите лажни ветувања за градбата на оваа пруга која постојано беше ветувана не само во 90-тите години, туку и две и пол децении потоа. Последниот воз кој се обратил на овие правци е далечната 1996 година и практично нејзината изградба стана мит за лагите и неуспесите за жал, на многу влади потоа – рече премиерот.

Покрај пругата, изградени се и 3 нови железнички станици, реконструирана е постојната станица Куманово, изградени се 6 стојалишта, 5 мостови и 1 тунел. Дополнително и модерна сигнално-телекомуникациска опрема во вредност од 10 милиони евра.  

Ова е само поттик да се продолжи понатаму и за втората фаза, а секако и за реализација и за третата фаза за којашто ќе ни треба заеднички договор со соседна Бугарија. И како што често кажувам, ова е за да се поврземе, а не да не се поврземе со Софија, бидејќи значењето на оваа пруга е доколку имаме целосно поврзување на коридорот 8 – рече Николоски.

На првото возење по речиси три децении на оваа релација беше и евроамбасадорот Михалис Рокас кој го поздрави ангажманот на надлежните во реализација на овој и останатите инфраструктурни проекти.

На реализацијата на овој проект се чекаше со децении, а на него повеќе или помалку работеа сите досегашни влади. Претходната Влада на СДСМ го наследи овој проект во напредна фаза, но за седум години не успеа да го заокружи. Сега кога се во опозиција, и за ова критикуваат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ се китела со туѓи перја.  

„ Денешното возење на Мицкоски и половина ДПМНЕ во воз по пругата Куманово-Бељаковце е уште едно признание за се она што СДСМ го направи во изминатите години. Мицкоски се кити со туѓи перја но сепак добро е што проектот е завршен, тоа е во интерес на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

За премиерот Мицкоски ваквата реакција била очекувана:

По реализацијата на првата, фокусот сега ќе биде на изградбата на втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка, а за третата фаза се очекува финален договор со Бугарија околу деталите од проектот кој ќе претрпи промени. Ова доаѓа откако Министерот Николоски при преземањето на функцијата откри дека првичниот проект предвидувал пругата да заврши во тунел без крај, а проектот да чини дури 24 милиони за километар.