Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Економија

Пуштен во употреба експресниот пат Страцин – Крива Паланка

Официјално пуштен во употреба експресниот пат Страцин – Крива Паланка. Патот долг…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Официјално пуштен во употреба експресниот пат Страцин – Крива Паланка. Патот долг 25 и пол километри кој содржи две сообраќајни ленти широки 3,5 метри и две ленти за застанување од 2,5 метри вклучува и 3 мостови, 3 клучки, 9 натпатници, 13 вијадукти, 44 косини. Од Крива Паланка до Страцин, место половина час како досега, од денес се патува само десет минути, а од Куманово до Крива Паланка место еден час, се патува четириесет минути. Патувањето од Скопје до Крива Паланка, пак, е скратено за половина час.Експресниот пат се градеше цели 6 и пол години, но работите долго време беа закочени пред да почнат да се интензивираат во последниве 6 месеци.

Опозициската СДСМ обвини дека претходната влада го реализирала овој проект и дека Владата се кити со туѓи перја. Премиерот Мицкоски пак, одговара дека проектот не треба да се злоупотребува за партиски цели и дека патот ќе го употребуваат сите граѓани.

Директорот на ЈПДП Коце Трајановски им  се заблагодари на сите работници кои граделе ден и ноќ за градежните работи да завршат до крајот на 2024-та година. Вели кога ја преземал функцијата, не бил ставен ниту еден сантиметар асфалт на патот. Речиси никој не верувал дека може да се работи одговорно и се да се заврши во предвидениот рок. Вели договорот за финансирање со Светска банка бил потпишан од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, а истата партија и завршува со реализација.

Реклама

За Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски овој капитален проект е од огромно значење за граѓаните и компаниите од иастокот на државата. Не само што експресниот пат ќе го забрза протокот на луѓе и стоки долж Коридорот 8 и ќе го подобри патното поврзување со нашиот источен сосед, Бугарија, туку, според него, треба да придонесе за развој на овој регион кој би бил поатрактивен за странските инвеститори и туристите.

Експресниот пат чини 102 милиони евра. Од нив 14 милиони се грант од ЕУ, а 88 милиони евра поволен кредит од Светска Банка. Владата најавува силен градежен бум годинава. Капиталните инвестиции се проектирани на рекордно високо ниво од 820 милиони евра. Само овој месец треба официјално да бидат пуштени во употреба патната делница Градско-Фариш и првиот дел од железницата кон Бугарија, односно делот од Куманово до Бељаковце.