Уште еден пораз за бугарската политика која сака да докаже дека има големо малцинство во Македонија. 327 гласаа за 7-мите по ред избори кај источниот сосед или 11 пати помалку од малцинството кое се декларираше како бугарско на последниот попис. Уште помалку гласале во Албанија, само 147 декларирани како Бугари. Според тоа неуспешно заврши и масовната асимилација врз македонското малцинство во Пустец од националистички бугарски организации на последниот попис да се изјаснуваат како Бугари – најчесто под присила дека ќе го изгубат бугарскиот пасош.
Гласањето и на последните избори е доказ дека безмалку 98% од бугарските пасоши се Македонци кои ги поседуваат само за да можат да работат во Европската Унија. Економски причини се главниот фактор кој и во Албанија ги тера луѓето да се решат за бугарски пасош. Поради тоа паѓаат во вода бројките со кои лиферуваат бугарските власти изминатиот период.
- „Многумина од тие што имаат документи на нашиот источен сосед се во странство. А тие малкумина кои имаат бугарски пасош а се во Македонија не се Бог знае колку заинтересирани околу политичката сцена колку и самото население во Бугарија. Може да видите дека околу 34 проценти гласале“ вели Александар Ристевски – Политички аналитичар.
Лани за гласање на изборите лани се пријавија 169 Бугарија, што беше рекорно најмала бројка на гласачи од Македонија во споредба со претходните пак два изборни циклуси. На изборите во јули 2021 гласаа 413 луѓе, а во април 2021 гласаа 510.

Бугарија во обид да покаже дека има масовно малцинство од 100 илјади во Македонија ги отвораше и културните клубови – инвестирани пари за бугаризација кои им пропаднаа во вода.
