Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Свет

Пукање на вечерата со дописниците од Белата куќа: Трамп евакуиран од обезбедувањето, вооружениот напаѓач е уапсен

Вооружен маж со пушка пиштол и ножеви упаднал на гала-вечерата за новинари во Ваингтон,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вооружен маж со пушка пиштол и ножеви упаднал на гала-вечерата за новинари во Ваингтон, на која присуствувале претседателот Доналд Трамп и бројни високи американски функционери. Трамп бил итно евакуиран и не е повреден – напаѓачот е приведен. Заедно со американскиот претседател била и неговата сопруга Меланија Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс.При нападот ранет е агент на тајната служба. Идентификуван е напаѓачот во хотелот „Вашингтон Хилтон“, 31-годишниот Кол Томас Ален од Калифорнија, кој бил програмер на видеоигри. Тој признал дека цел на нападот му биле американски политичари, но не прецизирал дали метата бил Доналд Трамп. Во хотелот бил регистриран како гостин, а кај него биле пронајдени сачмарка, пиштол и неколку ножеви.

„Во моментов, обвинетиот се товари по две точки, употреба на огнено оружје за време на кривично дело насилство, и напад врз федерален службеник со употреба на опасно оружје. Врз основа на она што го знаеме досега, јасно е дека ова лице имало намера да направи што е можно повеќе штета“, изјави Џанин Пиро, обвинител во Вашингтон.

Трамп по драматичниот настан изјави дека ниту тој ниту неговиот тим не биле предупредени за можен напад пред инцидентот. Се сомнева дека има некаква поврзаност со војната во Иран.

Реклама

„Слушнав бучава и помислив дека паднал послужавник. Бучавата беше доста гласна. Доаѓаше од далеку. Воопшто не го наруши обезбедувањето. Напаѓачот ќе мораше да мине долг пат за да стигне до мене.Овој обид за напад нема да ме спречи да победам во војната во Иран. Не знам дали пукањето имало некаква врска со тоа, но врз основа на она што го знаеме досега, навистина не мислам така“, истакна Трамп

Според американските медиуми, во салата на „Вашингтон Хилтон“, имало 2.600 гости а напаѓачот се обидел да влезе низ безбедносниот пункт пред салата во хотелот но веднаш бил сопрен од обезбедувањето. Истрагата на американските безбедносни служби продолжува, при што посебен фокус ќе биде ставен на евентуалните пропусти на американската тајна служба.

Пораки за поддршка и осуда за насилството пристигнаа од лидерите на ЕУ, Велика Британија, Канада, Мексико, Венецуела, Австралија, Пакистан, Индија.