Црвен картон од работниците – Со музика, транспаренти и свирежи под мотото „ Ние работниците“ синдикатите традиционално маршираа од ССМ до Влада . Почитување на колективните договори, минималец од 450 евра, враќање на трошоците за храна и превоз, се главните барања од годинашниот протест.
Работниците се сè посилни во борбата за достоинствен живот, порача претседателот на ССМ од пред работничкиот дом, кој според последната одлука на Врховен суд треба да им биде одземен.
„Судот дозволи функционерска чизма на вратот на работниците за да молчат, да бидат понизни, тоа што го направија денеска го гледаме на дело, рече Слободан Трендафилов претседател на ССМ

Ако има за пратениците , мора да има и за работниците. Синдикатите од пред Собрание побараа веќе да нема злоупотреба на европското знаменце за носење закони кои ќе се на штета на работникот.
Зарем работникот не заслужува да му биде платен превозот, како на господата позади што седат? Само нивните ли автомобили трошат горива? Не им попуштаме. Постојано ќе продолжиме со истиот притисок“ – Томислав Гиевски, Претседател на независниот синдикат за образование
Државата и компаниите се изградени од работничка крв – им порачаа работниците на газдите пред Стопанската комора. Бараат повисоки плати и почитување на работничките права во приватниот сектор
Да им свртиме грб на оние кои уживат. Лопови, лопови, поради нив секој час ни гине некој на работното место, да знаат дека младите не можат да се одлучат за семејство со тие договори на определено време и договори на дело, да знаат дека ни го украдоа правото на пауза, дневен, неделен и месечен одмор, да знаат дека не се живее со 22.500, рече Иван Пешевски, потпретседател на ССМ.
Синдикатите од новата Влада побараа барањата да им се исполнат во првите 100 дена, и да извлечат поука од грешките на минатата .
„Ако добро пресметав, кај нас после 130 години некој се држзна работната недела од 8 часа да ја прави поголема тоа не смееме да го дозволиме.“- Маријан Ристевски – КСОМ
Ние повеќе немаме време за чекање, се повеќе наши колешки и колеги заминуваат од државата. Минималната плата да се зголеми веднаш на најмалку 450 евра, како и во регионот. Правото на храна и превоз треба да биде подеднакво важно за работниците во Македонија, како што е важно за функционерите“, рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.
Први мај се одбележува во чест на жртвите од пред 138 години кои настрадале на штрајкот кој се одржал во Чикаго од со цел воведување на работно време од осум часа. Штрајкот траел од 1-4 мај, а полицијата употребила сила врз протестантите.
