Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Прво па машко: Алек се роди на ГАК само десет секунди по полноќ

Малиот јунак Алек роден само 10 секунди после полноќ на Клиниката за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Малиот јунак Алек роден само 10 секунди после полноќ на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје е првото бебе родено во новата 2024 година. Момчето тешко три килограми и 760 грама, а долго 52 сантиметри е прва радост во семејството Стефковски. 34 годишната мајка Наташа Стефковка од Скопје е во добра состојба и се очекува набрзо да заминат дома заедно со најубавиот подарок за Нова Година.

Годината почна убаво, во првите 15 минути после полноќ се родени три бебиња, сите спонатани. Ова е добар знак дека годината ќе ни биде многу подобра од претходнатa, рече директорката на ГАК, доктор Викторија Јовановска .

Доктор Горан Димитров кој ја породи мајката на Алек, рече дека семејството долго чекало пород.

Реклама

На сите жени кои сакаат да се остварат како мајки да го следат примерот на оваа мајка, која долго чекала на бебе и еве желбата и се оствари во десетата секунда од новата година” изјави докторот Димитров.

Министерот Меџити рече дека се исполнило неговото предвидување дека бебето ќе биде машко

„Во петокот, при крај на работното време, во мојот Кабинет, во релаксирана атмосфера со моите колеги се кладев дека првото родено дете во 2024 година ќе биде машко и тоа се исполни, значи ќе се исполнат сите планирани проекти во здравството“, рече министерот за здравство.

Ако денот се познава по утрото, а годината по прворожбата, 2024 треба да е бериќетна, бидејќи првото родено дете е момче.