Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Македонија

Прво огласување на Гаши по излегувањето од болница

Претседателот на Собранието Африм Гаши преку објава на Фејсбук информира дека неговата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието Африм Гаши преку објава на Фејсбук информира дека неговата здравствена состојба е стабилна и дека се враќа на неговите јавни должности.

– Неколку дена по мојот престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, денес се чувствувам добро и, откако беа извршени сите потребни прегледи, отпуштен сум од болница. Благодарение на Бога мојата здравствена состојба сега е стабилна, се вели во објавата.

Гаши упатува благодарност до директорот на Клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, до лекарите, медицинските сестри и до целиот здравствен персонал за нивниот професионалност, посветеност и хуманост.

Реклама

– Исто така, од срце ви се заблагодарувам на сите вас, пријатели, колеги, сограѓани, претставници на институции и медиуми за убавите зборови, за бројните пораки и постојаниот интерес. Вашата грижа беше дополнителна сила за моето закрепнување. Се враќам повторно на извршување на јавните должности, свесен за одговорностите што ги носам и исполнет со љубовта што ја добив, вели Гаши во објавата на Фејсбук.

Претходно, од Кабинетот на претседателот на Собранието информираа дека по дводневен престој на Клиниката за дигестивна хирургија, Гаши е пуштен на домашно лекување.