Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Првиот градски воз ќе тргне на први септември

Од септември скопјани ќе се возат со „Градски воз“. Проектот напредува со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од септември скопјани ќе се возат со „Градски воз“. Проектот напредува со забрзано темпо, а надлежните уверуваат дека до јуни целосно ќе биде завршена првата линија и од 1 септември пуштена во сообраќај. Станува збор за делницата долга 25 километри, која треба да го поврзе Зелениково со Драчево, па преку Ново Лисиче и Аеродром, да заврши до Железничката станица во Скопје.

„Возниот ред ќе го усогласиме заедно со ЈСП, со цел да можат автобусите на ЈСП да ги преземаат патниците од станиците, но идејата е на секој час да има линија на градскиот воз, што е најчесто стандард во најголемите европски градови. За цена за билет ќе разговараме, но моја цел е ова е, еве се оградувам, моја цел е да не биде повисока од цената која што сега ја има ЈСП Скопје за најодалечените дестинации“, изјави министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

Во моментов од првата фаза реализирани се 65% од градежните активности на делницата, а директорот на железници, Ивановски, појасни дека се работи на темелна модернизација на пругата.

Реклама

„Се работи на замена на дотраени дрвени прагови коишто некаде датираат од 1959 година, некаде од 1965 или 1969 година и беа во незавидна состојба. Во овој момент тие се заменуваат со бетонски прагови коишто беа залихи од претпријатието од пред една или две декади, изјави Синиша Ивановски – директор на Македонски железници.

Со новите бетонски прагови се очекува сегашната брзина на движење на возот од 20 километри да се зголеми на 80 километри на час. Ивановски додаде дека се работи и на модернизација на патните премини во Драчево, со што би се подобрила безбедноста и ефикасноста на оваа делница на „Градски воз“.

Во меѓувреме, институциите работат на следните две фази. Наместо одделни постапки, се планира еден заеднички тендер за преостанатите две линии, што би го забрзало целиот процес. Доколку се реализира според најавите, Скопје до крајот на 2027 година би можело да добие целосно функционален систем на градски воз со три линии. Втората линија ќе ги поврзе Железничката станица со Маџари и Илинден, а третата ќе продолжи преку Бутел, до Скопје Север, Волково и Ѓорче Петров и ќе заврши во Сарај. Паралелно со проектот „Градски воз“, градските власти во соработка со Владата работат и на набавка на нови 100 автобуси.

„Ако во минатото се планирале 80 сега ќе бидат 100 верувам за брзо време ќе заврши постапката  и граѓаните ќе можат да се возат во нови. Делот со градскиот транспорт ЈСП е кон солидирано, додека не стигнат новите автобси не е совршена сосстохјбата но далеку е подобра од минатото, исплатени се приватните превозници, немаме отпор з а разлика од минатото 30 автоб уси се  адаптирани и ставени во функција“, изјави градоначланикот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Како дополнително и значително унапредување на јавниот превоз, Ѓорѓиевски ја најави и реализација на БРТ транспортот, за кој како што рече, наскоро ќе бидат објавени детали. Надлежните очекуваат до 2027 година целосно се реши хаосот со јавниот превоз, а истовремено преку „Градскиот воз“ ќе се растерети сообраќајот низ скопските улици и ќе се намали загадувањето, особено во зимскиот период.