Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Прва плажа на велешкото езеро „Младост“ исчистена 30 проценти

Согласно планираните активности, во тек е втората фаза за расчистување на брегот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Согласно планираните активности, во тек е втората фаза за расчистување на брегот на велешко езеро „Младост“ на потегот од Првата плажа накај Бродот „Панини“, а  веќе е исчистено 30 проценти, информира денеска Ване Маневски, директор на Јавното претпријатие за водостопанство  „Лисиче“ од Велес.

Механичко отстранување на сувите наслаги и трската од крајбрежниот појас на езерото „Младост“, се врши во соработка помеѓу ЈПВ „Лисиче“ – Велес и АД „Водостопанство“ со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Инаку активностите се изведуваа со механизација багер за раскопување сопственост на АД „Водостопанство“.

Реклама

За реализација на активностите, обезбедена е вкупна финансиска поддршка од 6 милиони  денари од Програмата за водостопанство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Работиме на ревитализација на езерото „Младост“, со цел подобрување на квалитетот на водата и дополнување на акумулацијата со свежа вода, потенцира Маневски.

Тој  информира дека со подобрување на временските услови калта од крајбрежјето на езерото ќе се транспортира на обезбедена локација.

Воедно најави дека во тек се и подготовките за следната фаза за бушење на бунари околу езерото за дотур на свежа вода на езерото за негова ревитализација. Бушотините за бунари се планирани во реонот на Отовичка Река.

На крајот на минатата година во првата фаза за чистење на езерото „Младост“  се чистеше од другата страна на езерото, на потегот од крајбрежјето од Отовичката плажа па натаму.