Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Прва меѓународна безбедносна конференција „Skopje Security Conference 2026“ во Скопје

Првата меѓународна безбедносна конференција под наслов „Skopje Security Conference 2026“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Центарот за безбедносни студии – Скопје. Конференцијата, како што соопштуваат организаторите, ќе се фокусира на темата „Безбедност во транзиција: навигација низ технологијата, геополитиката и отпорноста во свет што се менува“, со цел да отвори дискусија на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првата меѓународна безбедносна конференција под наслов „Skopje Security Conference 2026“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Центарот за безбедносни студии – Скопје.

Конференцијата, како што соопштуваат организаторите, ќе се фокусира на темата „Безбедност во транзиција: навигација низ технологијата, геополитиката и отпорноста во свет што се менува“, со цел да отвори дискусија на високо ниво за трансформацијата на концептот на безбедност во време на брз технолошки развој, геополитичка неизвесност, хибридни закани, економска ранливост и ризици поврзани со климатските промени.

– Настанот има за цел да отвори дискусија на високо ниво за трансформацијата на концептот на безбедност во време на брз технолошки развој, геополитичка неизвесност, хибридни закани, економска ранливост и ризици поврзани со климатските промени. Посебен акцент ќе биде ставен на улогата на вештачката интелигенција во сајбер-одбраната и современото војување, заштитата на критичната инфраструктура и регионалната соработка на Западен Балкан – стои во соопштението.

Реклама

Конференцијата ќе биде отворена денеска во хотелот Хилтон во Скопје, со поздравни обраќања на Ардијан Исмаили, основач и извршен директор на „Skopje Security Conference“ и претседател на Центарот за безбедносни студии – Скопје, како и Бен Нупнау, заменик-шеф на Делегацијата на Европската Унија во земјава. Најавено е и обраќање на заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени.

На меѓународниот настан ќе учествуваат говорници и претставници од земјава, Швајцарија, Албанија, Финска, Катар, Чешка, Бугарија, Турција и други држави. Организаторите потенцираат дека преку вклучувањето на релевантни институции, домашни и странски експерти, целта е Скопје да се позиционира како регионална платформа за стратешки дијалог за безбедност, отпорност и соработка.