Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Прва конференција „Бизнис лидер“, ќе дебатираат најуспешните лидери и претприемачи

„Обликување на иднината: Лидерство во ерата на трансформација“ е темата на денешната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Обликување на иднината: Лидерство во ерата на трансформација“ е темата на денешната прва конференција „Бизнис лидер“ која, како што е најавено, ќе ги обедини највлијателните и најуспешните лидери и претприемачи од различните индустрии. Целта на конференцијата е да создаде уникатна платформа за размена на идеи и иновации, да понуди можност за споделување на најновите деловни трендови и успешни примери од пракса и да дефинира стратешки насоки кои ќе го поттикнат растот и развојот на македонскиот бизнис сектор.

Официјалниот дел ќе го отвори министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, кој ќе одржи воведен говор на тема „Визија за економскиот развој на Македонија“. Потоа, Огнен Огненоски, основач и извршен директор на Бизнис Мрежа, ќе ја презентира макроекономската анализа на македонското стопанство за 2024 година, а Анета Коробкина, трансформациски коуч, автор и предавач, ќе говори за трендовите во светското лидерство.

Во рамки на програмата ќе се одржат четири панел дискусии кои ќе понудат различни перспективи и практични искуства од водечките имиња на македонската бизнис сцена: „Финансиски партнери или само кредитори? Новата улога на банките во екосистемот на МСП“, „Лидерство во време на криза“, „Финтек револуција и иднината на финансиите“ и „Градење на организациска култура прилагодлива на промени“.

Реклама

На првиот панел ќе се дискутира за тоа како банките можат да станат вистински партнери за малите и средни претпријатија. Модератор ќе биде Огнен Огненоски од Бизнис Мрежа, а ќе учествуваат извршниот директор и членот на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје, Беркан Имери, директорот на дирекција за корпоративни клиенти на Шпаркасе Банка АД Скопје, Благоја Устијаноски и извршниот директор за трансформации и финансии на Мега-Метал Словенија, Славен Ќуриќ. Вториот панел ќе понуди увид во стратегиите за успешно водење на бизнис во неизвесни времиња. Модератор е Ирена Јакимова, меѓународен тренер и коуч за лидерство, а панелисти се генералниот директор на Порше Македонија, Златко Муцунски, контролинг менаџерката и членка на стратешкиот менаџмент на Зегин групација, Јана Ѓорчева Корубин и Лазар Јовевски, професор на Правен факултет при УКИМ и советник за труд и социјална политика на премиерот Христијан Мицкоски. Учесниците на третиот панел ќе истражат како финансиската технологија (Fintech) ги менува традиционалните финансиски услуги. Модератор е генералната директорка на ЕОС Матрикс, Катерина Бошевска, а ќе говорат директорката на УЈП, Елена Петрова, главната извршна директорка на Иуте Македонија, Билјана Мишиќ, и основачот и управител на Моделикс, Благоја Хамамџиев. Четвртата панел дискусија ќе се фокусира на важноста на силната и флексибилна организациска култура. Модератор е Пенка Мукаетова од Сојузот на стопански комори на Македонија, а панелисти се корпоративниот секретар на „Алкалоид“, Димитар Ристовски, сениор менаџерот за комерцијално работење во ФМТКП, Ивана Стојаноска и извршната директорка на „Сава Осигурување“, Мелита Гугуловска.

Покрај панел дискусиите, програмата вклучува и презентации на успешни приказни и инспиративни разговори. Генералниот директор на Млекара АД Битола, Ѓорѓи Петрушев, ќе одржи главна презентација на тема „Одржливост како вредност – одговорност на успешните бизнис лидери“. По неа ќе следи инспиративен разговор на истата тема, модериран од Владимир Ристевски, извршен директор на Евентика и партнер и креативен директор на Пиксел. Генералната директорка на Макстил, Марија Дуковска Павловска, ќе модерира разговор на тема „Зелена трансформација и конкурентност“, со учество на генералниот директор на Раде Кончар – ТЕП, Горан Антевски.