Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Прв фестивал на кинески филмови во Македонија

Со проекцијата на наградуваниот филм „Сонцето изгрева над сите нас“ на режисерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со проекцијата на наградуваниот филм „Сонцето изгрева над сите нас“ на режисерот Каи Шангџун, во Кинотеката на Македонија беше отворен Првиот фестивал на кинески филмови кој до 13 октомври ќе се одржува во Скопје, Битола, Куманово, Велес и Кочани.
На свеченото отворање , пред преполната кино сала се обрати амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија, Џијанг Сјаојан, која посочи дека фестивалот на публиката и носи поглед кон разновидноста на современата кинеска кинематографија.
„Во последниве години филмската размена помеѓу Кина и Македонија станува се подинамична. Истакнати кинески филмови повеќе пати беа прикажувани на меѓумародниот фестивал на филмска камера Браќа манаки, а оваа година филмот „Кјур“ на младиот и перспективен режисер влезе во потесниот избор. Филмот Јон Вардар против галаксијата на Гоце Цветановски ја освои наградата Златен пат на свилата на 12-тиот Меѓународен филмски фестивал Патот на свилата. Неодамна првиот фестивал на македонски филм успешно се одржа во Пекинг и Шангај, каде што наиде на одличен прием кај кинеската публика“, рече амбасадорката Џијанг Сјаојан.
Фестивалот ќе понуди избор од современи кинески играни, документарни, анимирани и кратки филмови, а неговата цел е да ја доближи современата кинеска кинематографија до македонската публика преку приказни за семејството, личниот избор, секојдневниот живот, имагинацијата и традицијата.
„Сонцето изгрева над сите нас“ годинава беше дел од официјалната конкуренција на Венецискиот филмски фестивал, каде актерката Син Жилеи ја освои наградата „Волпи куп“ за најдобра актерка. Станува збор за драма во која се отвораат темите за љубовта, предавството и жртвата.
Во програмата се вклучени и филмовите „24 вкуса“, „Кога ноќта ја среќава светлината“, „Сликарот на ковчези“, „Лов на чудовишта“ и анимираниот филм „Пад во светот на смртниците“, а во специјалната програма на кратки филмови се: „Под кожата “ – филм генериран со помош на вештачка интелигенција, потоа „Јамата“ во режија на Ши Јузе, „Наспроти ветрот“ и „Црна убавина“. Станува збор за четири наградувани кратки филма од млади кинески автори, кои ги обединуваат играната и документарната форма со нови пристапи кон дигиталната слика.
Во рамки на фестивалот е предвиден и разговор со режисерката Тијан Јан по проекцијата на документарниот филм „Кога ноќта ја среќава светлината“, посветен на менталното здравје на децата и адолесцентите.