Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на пристаништето во Солун за претпладнево закажаа земјоделците од северна Грција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Протест на пристаништето во Солун за претпладнево закажаа земјоделците од северна Грција, каде што ќе пристигнат со трактори, автобуси и земјоделски возила од блокадите поставени во околината на градот, а поради собирот граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја, барем додека трае протестот, се очекува да останат отворени.

Во Солун, намерата на земјоделците е симболично неколку часа да го блокираат пристаништето.

Најавите се по завршувањето на протестот, на состанок да се одлучи дали во текот на денешниот ден повторно ќе бидат блокирани граничните премини.

Реклама

Паралелно со активностите во северниот дел на земјата, во другите делови на Грција продолжуваат блокадите на автопатите.

Главниот блок е во централна Грција, кај Никеа, во близина на Лариса на автопатот Солун – Атина, што е затворен и сообраќајот се одвива по споредни патишта, а Комитетот надлежен за земјоделските блокадите во целата земја, за сабота закажа нов состанок на кој ќе се донесе одлука за следните чекори.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.

Блокади се поставени на низа автопати и локални патишта низ цела Грција, со што отежнат е сообраќајот и се одвива по споредни улици.

Ставот на грчката Влада е дека се отворени за дијалог со земјоделците и упатија апел до нив, да одредат своја делегација со нивни претставници, по што и ќе бидат примени на средба на високо ниво.