Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Проследени на натамошно читање измените на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги

Членовите на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска гласаа дека е прифатлив и го проследија на натамошно читање предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Како што информира заменик-министерот за дигитална трансформација, Радослав Настасиевиќ-Варџиски, основната цел на измените на Законот е да се воспостави фискално […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членовите на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска гласаа дека е прифатлив и го проследија на натамошно читање предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги.

Како што информира заменик-министерот за дигитална трансформација, Радослав Настасиевиќ-Варџиски, основната цел на измените на Законот е да се воспостави фискално одржлива рамка за финансирање на радиодифузната дејност преку утврдување средства што ќе се обезбедат од буџетот, при што финансирањето се лимитира на 1 отсто од реализираните даночни приходи утврдени во завршната сметка на буџетот за 2023 година.

– Ова решение ќе важи за наредните пет години. Предвидено е по истекот на периодот од пет години да се изврши редефинирање на висината на средствата врз основа на финансиски показатели во буџетот. Тоа треба да обезбеди стабилност и предвидливост на финансирањето,л без притоа да се наруши ликвидноста и нормалното функционирање на буџетот – рече Варџиски.

Реклама

Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, денеска, во рамките на продолжението на 35. седница изгласа заклчучоци произлезени од претходно одржаната јавна расправа на тема „Реформски пакет на предлог-закони за дигитална трансформација на Македонија“.

Претседателот на Комисијата, пратеникот Беким Ќоку, истакна дека со првиот заклучок се констатира дека реформскиот пакет на закони на дигиталната трансформација претставува клучен елемент на реформската агенда 2024 – 2027 и е значаен за исполнувањето на обврските на нашата држава кон Европската Унија. Пакет-законите, како што потенцира, создаваат стабилна основа за приближување кон европските стандарди и за забрзување на процесот на дигиталната трансформација на државата.

Втор заклучок – со пакетот-законите за воспоставување системска рамка за кибербезбедност се поттикнува развојот на електронски комуникациски мрежи со висок капацитет и се овозможува воведување дигитален идентитет и дигитален паричник за граѓаните и бизнисите. Понатаму, се констатира дека примената на законите ќе придонесе за намалување на административната бирократија, скратување на времето за добивање услуги, подобрување на заштита на корисниците и зголемување на ефикасноста и транспарентноста на јавната администрација.

Меѓу заклучоците се посочува дека Законот за архивскиот материјал и архивската дејност поставува темели за модерен, дигитален и интероперабилен систем за управување на службените документи и архиви со јасно дефинирани обврски за јавните институцији, се констатира дека постои потреба од дополнително зајакнување на заштитата на личните податоци преку воведување соодветни технички и организациски мерки, усогласени со меѓународно прифатените стандарди за архивирање и безбедност.

Со шестиот последен заклучок се утврдува дека дигиталната трансформација бара обврзувачко и фазно преминување од хартиени кон електронски процеси и развојна национална култура за кибербезбедност преку образовниот систем на сите нивоа.