Реклама

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Македонија

Проштална средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со српската амбасадорка Невена Јовановиќ

Потпретседателот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Република Србија во земјава, Н.Е. Невена Јовановиќ.

Министерот Стоилковиќ искажа благодарност за досегашната успешна соработка и значајниот придонес на амбасадорката Јовановиќ во унапредувањето на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Србија за време на нејзиниот дипломатски мандат.

На средбата беа разгледани и повеќе актуелни прашања од заемен интерес, со посебен акцент на можностите за продлабочување на стратешката соработка, особено во делот на капитални инвестиции и реализација на заеднички проекти од стратешко значење.

Реклама

Двајцата соговорници разменија мислења и за актуелните политички и економски состојби во двете земји и поширокиот регион, при што ја потврдија заедничката заложба за продолжување на редовниот политички дијалог на високо ниво. Беше потенцирана и важноста од координирани активности за поттикнување на демократскиот развој и забрзување на економската трансформација преку стабилна и одржлива меѓудржавна соработка.