Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Проширувањето на ЕУ и ситуацијата во Украина главни приоритети на полското претседателство со унијата

Проширувањето на Европската Унија останува главен приоритет – безбедноста на европското тло…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проширувањето на Европската Унија останува главен приоритет – безбедноста на европското тло мора да се гарантира, а тоа ќе се постигне преку поголема соработка помеѓу земјите, силна надворешна политика и заложби за траен мир. Полскиот амбасадор пред пратениците во македонското собрание го презентираше планот на неговата земја која претседава со ЕУ. На заедничка седница на Советот за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања владините претставници и пратениците од власта и опозицијата со свои видувања за патот на Македонија кон ЕУ, реформите кои треба да ги спроведе, и пречките на кои наидува. Амбасадорот Мариуш М. Бримора ја нагласи потребата од зајакнување на европската одбрана, која треба да биде комплементарна на НАТО. Главен фокус беше Украина и потрагата по одржливо решение за крај на војната.

Процесот на евроинтеграции може значително да придонесе за безбедносните цели на Европа, а ширењето на ЕУ кон Западен Балкан и на истокот ја зацвстува ЕУ како целина, рече Бримора.

Новонастанатата ситуација на релација САД-ЕУ  и различните пристапи за наоѓање решение за војната во Украина беше една од темите на седницата. Претседателот на Комисијата за европски прашања Милошоски рече: Ако ве прашаат дали сте за Америка или за Европа, само кажете дека сте за Доналд. Мислејќи на американскиот претседател Трамп, и полскиот премиер Туск.

Реклама

Ќе цитирам еден пратеник од соседството кој рече: Ако ве прашаат дали сте за Америка или за Европа, само кажете Доналд, без да го кажете презимето, рече Милошоски.

Претседателот на Советот за евроинтеграции Венко Филипче порача дека членството во ЕУ е стратешка цел и Македонија мора да биде спремна да го изоди тој пат. Упати критики до власта дека реформската агенда не се спроведува. 

Реформската агенда која што ја спомена заменик министерката е практично закопана во земја. До јуни, 2025 година треба да се донесат околу 20-тина закони, а не се во собраниска процедура. Ние може да очекуваме поддршка, треба да очекуваме, од земјите партнери, но треба и ние да ги завршиме работите, на крајот на денот, зависи од нас, рече Филипче.

Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков е децидна дека власта е посветена на реформите кои се услов за парите од Планот за раст на Европската комисија. 

Патот кон ЕУ е долг, трнлив, со еден куп препреки. За Македонија ова значеше многу отстапки, жртви, исполнување на услови поставени од соседите кои задираат во идентитетот. Сега следниот предизвик се уставните измени наложени од Бугарија за кои власта настојува да бидат со одложено дејство како би се заштитиле од дополнителни барања.