Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Промовирани методи и решенија за моделирање на воздухот во урбаните средини

Современи научни методи и практични решенија за моделирање на воздухот во урбаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Современи научни методи и практични решенија за моделирање на воздухот во урбаните средини, со особен фокус на локалните предизвици во градот Скопје, се промовирани на дводневната работилница „Чист воздух и одржливи градови: современи научни и практични пристапи кон одржливо управување со квалитетот на урбаниот воздух – меѓународни искуства и локални предизвици“, што се одржа во изминатите два дена на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Работилницата комбинираше меѓународни и локални искуства преку семинари, практични вежби и дискусии, овозможувајќи студентите и учесниците од академската заедница да стекнат увид во применетите истражувања и да придонесат кон долгорочна експертиза во моделирањето, анализата на квалитетот на воздухот и креирање релевантни мерки за намалување на загадувањето.

За методите за собирање податоци во реално време, моделирање на загадувањето и лабораториска верификација – активности кои се реализираат во текот на проектот, свои мислења, искуства и практики споделија и меѓународни експерти од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC), Универзитетот Меквори во Сиднеј, Австралија, Универзитетот во Нови Сад, Србија, Универзитетот за технологија во Киелце, Полска и други релевантни научни институции.

Реклама

– Работилницата имаше за цел да ги промовира современите научни методи и практични решенија за моделирање на воздухот во урбаните средини, со особен фокус на локалните предизвици во градот Скопје – информира Машинскиот факултет – Скопје, кој носител на проектот „Применето моделирање на квалитетот на воздухот и валидација на мерките за ублажување на штетните ефекти преку идентификација на изворите“, во чии рамки се одржа работилницата. 

Проектот е дел од предложената мерка на Работниот комитет за енергетика, со цел подобрување на квалитетот на воздухот и се реализира како дел од процесот на имплементација на Националната развојна стратегија 2024–2044, преку програма предводена од Владата и Генералниот секретаријат, во соработка со УНДП.