Реклама

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Македонија

Промовирана еко-платформата „ЕкоСкопје“ – граѓаните ќе пријавуваат диви депонии и полни контејнери

Граѓаните на Скопје преку новата еко-платформа „ЕкоСкопје“ ќе можат да пријавуваат диви…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните на Скопје преку новата еко-платформа „ЕкоСкопје“ ќе можат да пријавуваат диви депонии, полни контејнери и непријатна миризба, како и да го следат квалитетот на воздухот во градот. Платформата, која денеска беше промовирана, е развиена како решение на млади учесници на иновациски камп организиран во соработка со Град Скопје.

Иван Јованов од Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД) информира дека идејата произлегла од иновациски камп на кој учествувале 30 млади луѓе, поделени во пет тима.

-Преку платформата граѓаните ќе можат да пријавуваат предизвици поврзани со полни контејнери, диви депонии и миризба на воздух, односно да ги следат параметрите за квалитетот на воздухот во градот – рече Јованов.

Реклама

Тој појасни дека на платформата на едно место ќе бидат достапни официјалните податоци од Министерството за животна средина, но и податоците од сензори поставени од граѓаните.

-Граѓаните ќе можат да пријавуваат полни контејнери или диви депонии со едноставно фотографирање и испраќање на податоците, кои потоа стигнуваат до службите на Град Скопје за да постапат по нив – рече Јованов.

Корисниците ќе можат да го следат и статусот на својата пријава, односно дали таа чека на постапување, дали се решава или е веќе решена.

Андреј Божиновски, 18-годишен член на победничкиот тим и технички реализатор на платформата, посочи дека на нејзината реализација во изминатите три до четири месеци се работело во координација со ИТ-секторот на Град Скопје. Пријавувањето, како што информира, ќе може да биде анонимно, но граѓаните ќе имаат можност да креираат и профили.

-Беше многу работа, беше многу тестирање, но сето тоа се занемарува кога на крај ќе погледнеме дека имаме нешто што функционира – рече Божиновски.

Според него, целта е граѓаните полесно и директно да ги доставуваат проблемите до надлежните служби, наместо тие да остануваат само како објави на социјалните мрежи.

-На самата апликација веднаш ќе можете да пријавите и ќе знаете дека пријавата ќе стигне на правилното место, без да треба да се препраќа и без да се одолговлекува постапката. Надлежните служби веднаш ќе имаат увид и ќе можат да постапат – рече Божиновски.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски оцени дека платформата ќе овозможи побрза реакција на градските служби и поголема транспарентност во нивната работа.

-Граѓаните во реално време постојано ќе можат да пријавуваат одредени девијантни појави, но и пропусти. Тука ќе се види брзата реакција на Град Скопје и на службите. Кога се работи за одредени ситни пропусти, ќе можеме веднаш да постапиме и да дадеме конкретен резултат – рече Ѓорѓиевски.

Според него, платформата е дел од поширокиот процес на дигитализација на Град Скопје.

-Сите овие апликации и новитети што се воспоставуваат во Град Скопје се дел од зголемувањето на транспарентноста на градот. Граѓаните во секое време треба да имаат информација, но уште поважно е да имаат повратен одговор од градот и градските служби – истакна Ѓорѓиевски.

На прашањето што ќе се случува со пријави за проблеми што не се во надлежност на Град Скопје, туку на скопските општини, Ѓорѓиевски ги повика граѓаните сепак да ги доставуваат преку платформата.

-Ги охрабрувам граѓаните слободно и за состојбите за кои знаат дека не се надлежност на Град Скопје да пријавуваат до нас. Ќе дејствуваме, заеднички мораме да ги решаваме проблемите. На крајот на денот, на граѓанинот му е ирелевантно чија е улицата, чија надлежност е светлото или кантата за отпадоци. Наша обврска е да реагираме и да ги решаваме проблемите – рече Ѓорѓиевски.

Во однос на тоа дали „ЕкоСкопје“ ќе продолжи да функционира и во иднина, имајќи ги предвид претходните слични иницијативи, Ѓорѓиевски рече дека за нејзиното одржување ќе биде задолжен ИТ-секторот на Град Скопје.

-Јас не сум вечен. Утре ќе дојде друг човек кој ќе го води градот, но важно е системот да ни функционира. Кога ќе ги поставиме работите како што треба, нема да биде важно кој е на чело на градот или од која политичка опција е. Системот мора да функционира на начин што службениците ќе си ја вршат работата за која се платени од граѓаните. Апсолутно ќе добиваат известување и општините. Значи, овде генерално станува збор за еколошко дејствување би рекол јас, поврзано со одредени девијантни појави, а знаете дека ние мнозинството јас честопати го говорам тоа, мнозинството имаме проблем со девијантното однесување на одреден дел на малцинството во нашиот главен град, кое што предизвикува долгорочни штети понекогаш и последици за сите нас. Така се создадени и се создаваат, за жал сè уште, одредени диви депонии – рече Ѓорѓиевски.