Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Промоцијата на наградениот филм „Малдорор“ се заокружува со три проекции во Кинотека  

Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. 

Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежа на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на авторски филм во Белград и благодарение на оваа награда,  од 19 март до 9 април се прикажа во градовите низ регионот на поранешна Југославија, во Белград, Сараево, Херцег Нови, Љубљана, Загреб, Битола (Кино Манаки 19 и 21 март и Центар за култура 25 и 26 март), Охрид (ФИОФА 27 и 28 март) и Скопје (Кинотека 7, 8 и 9 април) и Синеплекс (19 и 20 март и 3 и 4 април).

„Малдорор“ е трилер инспириран од вистински настани од Белгија во средината на деведесеттите години. Приказната започнува кога две девојчиња исчезнуваат, а младиот и импулсивен полициски регрут Пол Шартие е распореден во тајна единица наречена „Малдорор“, формирана за да следи опасен сексуален престапник. Кога операцијата не успева, разочаран од ограничувањата на правниот систем, Шартие се впушта во соло потрага решен да ги пронајде и изведе сторителите пред лицето на правда.

Реклама

Филмот претставува силен и реалистичен приказ на борбата против длабоко вкоренетото зло, но и на општеството кое потфрла пред најранливите. „Малдорор“ е првиот дел од планираната трилогија на Фабрис ди Велц за темната страна на белгиската историја, моќта и правдата. Филмот ја имаше својата светска премиера на Филмскиот фестивал во Венеција.

Критичарите особено го нагласија интензитетот и атмосферата на филмот. Порталот „Screen Daily“ наведува дека „Малдорор“ наликува на епските приказни за злосторства и казна што ја карактеризираа американската кинематографија во седумдесеттите години, особено филмовите на Сидни Лумет, додека ди Велц ги претвора вистинските настани во сложена и повеќеслојна приказна за полицаец чија потрага по правда доаѓа во конфликт со сите блиски до него. Растечката тензија, моралните дилеми и личните последици го прават овој филм моќен и возбудлив трилер.

Според порталот Cineuropa, „Малдорор“ е амбициозна и повеќеслојна филмска фреска за Белгија во деведесеттите години – за нејзините институционални дисфункции и колективни трауми, но и за разгранетата природа на злото. Во овој филм, ди Велц се свртува кон полицискиот жанр, носејќи ја публиката во срцето на сицилијанската заедница во Шарлроа во средината на деведесеттите години, во приказна инспирирана од случајот на Марк Дитру.