Реклама

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Македонија

Промоција на „Ништо нормално“ од Симона Јованоска во Битола

Збирката раскази „Ништо нормално“ од авторката Симона Јованоска ќе биде промовирана во книга-барот „Пионерски“ во Битола со почеток во 19 часот. Како што соопштуваат од „Или-или“, книгата ќе биде претставена низ разговор со авторката, кој ќе го води Сашо Огненовски. – Од своето објавување во март годинава, „Ништо нормално“ предизвикува силен интерес кај читателската публика, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Збирката раскази „Ништо нормално“ од авторката Симона Јованоска ќе биде промовирана во книга-барот „Пионерски“ во Битола со почеток во 19 часот.

Како што соопштуваат од „Или-или“, книгата ќе биде претставена низ разговор со авторката, кој ќе го води Сашо Огненовски.

– Од своето објавување во март годинава, „Ништо нормално“ предизвикува силен интерес кај читателската публика, благодарение на својот специфичен стил, провокативниот пристап и обработката на современи теми, со фокус на обичниот човек и неговите секојдневни предизвици – стои во соопштението од „Или-или“.

Реклама

Симона Јованоска е родена во 1985 година во Гостивар. Дипломирала на Економскиот факултет во Скопје, на отсек маркетинг. Нејзиниот книжевен опус започнува во 2015 година со збирката „Ги најдов во длабокото“.

Во 2019 година ја добива втората награда на конкурсот на „Нова Македонија“ за расказот „Последниот кат“, додека во 2022 година е добитничка на првата награда за расказот „Кажи му на кучето“.

Нејзиниот роман „Денот на црвот“ ја добива наградата „Роман на годината“ од Фондацијата „Славко Јаневски“ и е преведен на неколку јужнословенски јазици.

Авторка е и на книги за деца и повеќе прозни дела, меѓу кои „Градот Вабу и потрагата на Нави“ и романот „Леска Брезоска“.