Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Промоција на два истражувачки труда за анализа на јавното мислење за пристапувањето на Македонија во ЕУ

Во Собранието денеска ќе бидат промовирани два истражувачки труда – „Анализа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе бидат промовирани два истражувачки труда – „Анализа на јавното мислење за пристапувањето на Македонија во Европската Унија (2014–2025)“ и „Нови глобални неизвесности, стари европски обврски: Јавното мислење за пристапувањето во ЕУ во 2025 година“, во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и фондацијата „Конрад Аденауер“.

Како што соопштија од Институтот за демократија, анализите за евроинтеграцискиот процес на Македонија се изработени врз основа на истражувањето на јавното мислење преку теренска работа спроведено во периодот од 22 октомври до 5 ноември 2025 година, на примерок од 1003 испитаници.

Како што е објавено во агендата на Собранието, настанот ќе биде отворен од  Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија и Даниел Браун, директор на канцеларијата на фондацијата „Конрад Аденаур“ во Скопје.

Реклама

Истражувачките трудови ќе бидат презентирани од страна на авторите Иван Дамјановски, професор на Правниот факултет „Јустинијан први“ при УКИМ, Анамарија Велиновска, раководителка на Центарот за европски интеграции при Институтот за демократија и Кире Миловски, истражувач во Центарот.

Осврт на резултатите од спроведеното истражување на јавното мислење ќе дадат евроамбасадорот Михалис Рокас, Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања и Венко Филипче, претседател на Националниот совет за евроинтеграции.

Завршно обраќање на настанот ќе има германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер.