Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Програмата на мандатарот на техничката влада денеска во Собрание

Предлог владиниот кабинет и програмата се доставени до собранието. Се прават последните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог владиниот кабинет и програмата се доставени до собранието. Се прават последните подготовки за утрешната седница која е закажана за 11 часот, за избор на техничка влада. Откако шефот на државата Стево Пендаровски му го врачи мандатот на досегашниот собраниски спикер за состав на преодната Влада, Џафери порача дека врз основа на законите и уставот, преговорите за состав на преодната Влада ќе се одвивале соодветно на политичката потреба и состојбата во државата.

Мандатарот Талат Џафери според рокот ги прими сите предлози од политичите партии за министри, заменици и дополнителни-заменици министри. Денес ќе ги достави до претседателот на собранието Јован Митрески, отворајќи го патот да се свика седница за избор на техничка влада – информираа од Собрание.

За да се исполни желбата на ДУИ, согласно коалицискиот договор со СДСМ, и да имаат технички премиер во последните 100 дена до изборите мораше да се бира нов претседател на Собранието.

Реклама

Утрешната седница може да трае најдоцна до полноќ – кога треба да се избере техничката влада. Иако седниците за избор на влада може да траат и по два дена, не се очекува пробивање на роковите, бидејќи утре е 100иот ден пред парламентарните избори закажани за 8 мај. Парламентарното мнозинство треба да обезбеди 61 пратеник кој ќе гласа ЗА техничката влада. ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка, но најавија дека нивното учество ќе биде со цел да обезбедат фер и демократски избори и да спречат евентуални неправилности.

Во состав на преодната влада, прв вицепремиер, ќе биде Бојан Маричиќ, кој исто така ќе ја извршува и функцијата вицепремиер за европски прашања, додека пак Артан Груби ќе биде министер само за политички систем.

Предлог министри од опозицијата се Панче Тошковски за технички министер за внатрешни работи и Ѓоко Велковски за министер за труд и социјална политика. Елена Петрова е дополнителен заменик– министер за финансиии, за информатичко општество и администрација предложен е Стефан Андоновски, а за земјоделство Цветан Трипуновски.

Техничката влада се бира согласно договорот во Пржино, потпишан на 2 јуни 2015 година – како механизам за надминување на тогашната политичка криза. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ подолго време бараше укинување на пржинската влада, но власта не сакаше да слушне за такво нешто. Калкулациите околу техничката влада и политичките надмудрувања траеја повеќе од два месеца.