Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Професорот иноватор Ангелков: Произведени 10 течни дрва за прочистување воздух во 10 школи во Кавадарци

Произведени се 10 течни дрва за прочистување воздух во 10 училишта во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Произведени се 10 течни дрва за прочистување воздух во 10 училишта во Кавадарци, информираше синоќа иноваторот, професор доктор Димитрија Ангелков од Кавадарци, во рамки на настанот, посветен на денот на граѓанските организации, што работат на полето на екологијата, заштита на човековите права и слично.

– Вкупно производство на три метри кубни кислород на ден и 72 метри кубни на ден прочистен воздух. Секој месец произведени 1.600 литри течно органско ѓубриво. Проектот е поддржан од УНДП, Европска комисија и Општина Кавадарци – рече Ангелков, кој работи како професор по стручни предмети, во средното електромашинско училиште.

Професорот појасни за МИА дека всушност, станува збор за евтина инсталација од по 16 шишиња во кои се одгледува алгата хлорела вулгарис, што се храни со јаглерод диоксид, а испушта кислород, а притоа се претвора во биомаса.

Реклама

– Кога ќе се презасити системот, 90 отсто од течноста се исфрла во растенија како органско ѓубриво, алгата може да се прецеди на ткаенина, да се исуши на сонце и таа може и да се јаде. Значи, алгата ја користиме сите, еве сите со години користиме спирулина – подвлече тој.

Според него, ова го решава проблемот со загадувањето во просториите.

– Воздух влегува во течноста со алгата и тврдите честички од воздухот се апсорбираат во течноста, а одозгора излегува прочистен воздух. Значи, практично имаме и филтер-станица која го прочистува воздухот. После, јаглерод диоксидот се претвора во кислород. Целата инсталација изгледа убаво, може да биде како украс кога ќе светне така зелено, темно смарагдна боја,  декоративно е, лесно е за одржување – подвлече Ангелков.

Тој порача дека вакви евтини инсталации може да се инсталираат и по дома.

– Микроалгите се со брз раст и висок капацитет за фотосинтеза, посебно оваа  Може да се истурат во канализација, па потоа отпадната вода заедно со овие микроалги побрзо се распаѓа и практично правиме и прочистување на канализацијата – додаде тој, како претседател на здружението „Иднината е сега“.

Ангелков има добиено бројни награди за иноваторство.

Едукативниот настан, „Граѓанските организации, двигатели на зелени иновации и циркуларна економија“, се одржа во кавадаречкиот Дом на култура, „Иван Мазов – Климе“.

– Да ги претвориме локалните идеи во зелени решенија за одржлива иднина – е пораката од настанот.