Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Проф. Митрески: Големобугарските амбиции кон Македонија никогаш нема да запрат

Амбициите на Бугарија кон Македонија немаат крај,тие не само што не згаснуваат туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбициите на Бугарија кон Македонија немаат крај,тие не само што не згаснуваат туку тлеат од балканските војни до денес. Отоворено ја негираат посебноста на македонската историја, јазик и нација, го оспоруваат идентитетот на македонските дејци,за нив  македонецот никогаш не постоел-вели професор доктор Павле Митрески кој во 92-рата година од животот продолжува да пишува за историјата на Македонија. Ако можел македонскиот национален деец Темко Попов пред повеќе од 130 години да пишува и да се бори за сочувување на македонската нација, јазик и култура преку отворање на македонски училишта,можеме и ние да се бориме за ова парче земја-вели д-р Митрески.

“Да прочитам само една изјава од Темко Попов во тој смисол:и самиот Исус Христос ако слезe од небото не можe да го увери Македонеца оти е бугарин”вели д-р Павле Митрески,историчар

Според професор Митрески,Бугарија засега само ја следи матрицата на конфликтот помеѓу Русија и Украина.

Реклама

 “И сега обнова што се прави од страна на Бугарија мислам дека е толку излишно,толку  смешно да се менуваат граници, нации тоа е злочин меѓународен. Замислете во денешно време сеуште ние не сме влегле во Ватиканските архиви како што треба, таму е ризница на историјата не само за Македонија туку за цела Европа”-вели д-р Павле Митрески

Во Македонија сеуште има мудри луѓе кои на интелектулано ниво, достоинствено од петни жили се борат да го сочуваат образот на македонецот.Митрески апелира до челниците на државата да ја побараат документацијата од ватиканските архиви.

Росица Голабоска