Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Проф. Дарко Данев, кандидат за ректор на УКИМ: Мојата цел е да изградиме универзитет препознатлив по знаење, иновации и вредности

Проф. д-р Дарко Данев од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проф. д-р Дарко Данев од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје поднесе кандидатура за ректор на УКУМ за мандатниот период 2026 – 2029 година по објавувањето на огласот за избор на нов ректор.

Во својата кандидатура проф. Данев најавува визија за УКИМ како модерен, отворен и меѓународно конкурентен универзитет, со фокус на дигитализација, унапредување на квалитетот на наставата, поврзување со индустријата и поголема поддршка за студентите и младите истражувачи.

Програмата за работа, која професорот Данев ја има поднесено на конкурсот за ректор, содржи и воведно обраќање до колегите со наслов: Од „УКИМ – набљудувач до УКИМ – создавач“, што е негова мотивација за поднесување на кандидатирата.

Реклама

„УКИМ има капацитет да биде двигател на развојот на државата. Мојата цел е да изградиме универзитет што ќе биде препознатлив по знаење, иновации и вредности и кој ќе ги задржува и развива најдобрите млади кадри“, наведува Данев.

Со оваа кандидатура тој се вклучува во трката за прв човек на најстариот и најголем универзитет во државата, со јасна амбиција да го унапреди неговиот институционален и академски развој во наредниот период.

Данев и во академската и во пошироката јавност е препознаен како долгогодишен универзитетски професор и поранешен декан на Машинскиот факултет, функција што ја извршуваше во два мандата (2016 – 2023). Во тој период реализира значајни институционални реформи и конкретни резултати, меѓу кои се издвојуваат вработување 47 нови кадри и подмладување на наставниот и на административниот состав, како и трајно решавање на долгогодишниот имотно-правен статус на Факултетот.

Во неговиот мандат беше спроведена и целосна реорганизација на просторот со отворање нови кабинети и лаборатории, како и обезбедување објект за привремено користење од страна на ФИНКИ, со што се ублажија просторните предизвици со кои се соочуваше овој факултет.

Особен акцент Данев ставаше на студентите и на условите за нивно образование. Тој воведе факултетски стипендии за најдобрите бруцоши, кои се доделуваа преку иновативен концепт на тестирање „60 прашања за 60 минути“ овозможувајќи поддршка и признание за најквалитетните кандидати. Во насока на поголема инклузивност, на Факултетот беа инсталирани лифт и адаптирани санитарни јазли за лица со попреченост.

Во неговиот мандат беше реконструиран и проширен компјутерскиот центар со капацитет од 70 места и беа набавени речиси 200 нови компјутери за студентите и за кадарот. Во истиот период Машинскиот факултет организира и повеќе масовни и значајни настани, меѓу кои и одбележувањето на 60-годишнината, свечени доделувања на дипломи и индекси, со учество на истакнати личности од стопанството и јавниот живот.

Проф. д-р Дарко Данев е роден 1971 година во Скопје, а целата своја академска кариера ја градел на УКИМ. Има остварено многубројни студиски престои и специјализации во странство, меѓу кои во Шведска (Volvo), Германија (TU Braunschweig и TU Stuttgart), САД (FSU), Белгија (Vrije Universiteit Brussel) и во Јапонија (Kyushu International Center).

Активно е вклучен во повеќе домашни и меѓународни тела и организации, како што се American Society of Automotive Engineers (SAE), EUREKA High Level Group, како и во експертски и советодавни структури поврзани со енергетиката и технолошкиот развој.