Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Продолжувањето на распустот е времена мерка, потребен ни е редовен скрининг на учениците

Лекарите не очекуваат дека високите бројки на новозаразени меѓу кои и деца,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лекарите не очекуваат дека високите бројки на новозаразени меѓу кои и деца, драстично да се намалат. Доктор Поповска за Алфа вели рано е да се каже што ќе биде за 10 дена од сега со епидемиолошката состојба, но ако се отворат училиштата треба да се почитуваат оние основни мерки за да се спречи ширењето на вирусот меѓу децата.

Амбулантите во овој момент се преполни. Имаме над 100 прегледи во текот на 24 часа, каде што децата навистина побаруваат амбулантски прегледи, побаруваат гружа, меѓутоа ако таа бројка се повеќе и повеќе се зголемува, јас се сомневам дека ќе можеме да одговори постојано, бидејќи веќе две години работиме во оваа ковид пандемија и навистина треба да направиме некои мерки кои што ќе ги заштитат децата и затоа одлуката во овој момент, на овој пик на пандемијата е навистина исправна вели Мирјана Поповска за Алфа.

Децата се асимптоматски носители на вирусот и многу лесно може да го рашират без да знаат предупредуваат лекарите. Како решение педијатрите предлагаат децата и да го почнат второто пологодие на први февруари здравствените власти да обезбедат еднаш до два пати неделно тестирање, а и да се размисли за проверка колку се имуни малите на Ковид-19. Така вели доктор Поповска ќе знаеме колку ни се безбедни децата во училишните клупи.

Реклама

Да има барем два пати неделно, или барем еднаш неделно, за да се детектира корона вирусната инфекција во школските клупи за да навремено се изолира тоа дете, и да не претставува извор за ширење на вирусот. Затоа што вирулетноста кај децата е многу висока, многу од дечињата се асимптоматски, и не знаат дека тие се преносители односно немаат болест. Можеби и она за што треба да се размислува понатаму е и да видиме дечињата со каков имунитет располагаат во овој момент. Можеби треба да се размисли да се воведе скрининг за откривање на антитела, кај детската популација. Кој од децата има имунитет, кој од децата ја поминал болеста, и на некој начин е заштите од ковид вирусна инфекција вели Мирјана Поповска за Алфа.

Во детската болница „Козле“ во моментов се лекуваат 25 дечиња кои обично имаат почесна клиничка слика со болки во грлото, но има и такви кои веќе развиле долно респираторна болест односно пневмонија или бронхит. Доктор Поповска вели компликации има и кај малите заразени со ковид но и кај оние деца кои имаат грип. Педијатрите уверуваат дека децата со хронични заболувања најдобро е да примат вакцина се со цел да се заштитат од сериозните компликции кои ги носи Ковид-19.

Викторија Миткова