Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Продолжува владината мисија за привлекување арапски инвеститори, средби со бизнисмени и политичари во ОАЕ

Во наредните неколку дена Владата ќе објави една позиотивна вест која ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во наредните неколку дена Владата ќе објави една позиотивна вест која ќе значи многу за граѓаните на државата, за економијата, за трговијата и туризмот – најави од Обединетите Арапски Емирати, министерот з анадворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Тој вели дека третиот ден од посетата на Емиратите бил многу продуктивен и донел многу бенефити за граѓаните. Се надева дека преговорите во Емиратите ќе бидат продуктивни и утре кога завршува посетата. владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски е во лов на арапски инвестиции.  

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски рече дека очекува во брзо време инвестиции од Емиратите. Според него, македонските извозни компании можат да ја користат помошта и логистиката што ја нуди Владата на Емиратите, за да освојат нови пазари и да ги пласираат своите производи на Истокот.

 “Она што е исто така значајно, што е можеби комплетна новина за македонскиот бизнис и стопанство, а тоа е дека Емиратите, а особено Дубаи, стануваат центар за трговијата кон Истокот, особено во овие комплицирани и турбулентни времиња во светот, имајќи ги во предвид геополитичките игри. Постои огромна можност за македонските компании кои што извезуваат да го користат Дубаи и Владата на ОАЕ како помош и сервис при нивниот извоз, како би се отвориле бројни нови пазари, кои што во моментов не се достапни за македонските компании”- изјави Николоски.

Реклама

Вицепремиерот и министер за транспорт оствари средба и со Валид Ал Мокараб Ал Мухари – заменик извршен директор на “Мубадала’ инвестициска компанија од Обединетите Арапски Емирати. На состанокот, биле презентирани условите што ги нуди Македонија на странските инвеститори, како и потенцијалните можности за инвестиции во Македонија. Потенцирана била одличната местооположба на земјава , која на инвеститорите им нуди предност во регионот и директно поврзување со пазарите во Централна Европа. Вчера министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски потпиша два Договори, едниот за економска соработка, трговија и инфраструктура, а другиот за размена на знаење и искуства помеѓу двете дипломатски академии. Се преговара и за најмалку две нови авиолинии до оваа атрактивна азиска дестинација.