Реклама

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Македонија

Продолжува уредување на градските гробишта во Куманово

– Почна тампонирањето на улици на градските гробишта во Куманово, соопштија денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Почна тампонирањето на улици на градските гробишта во Куманово, соопштија денеска надлежните од јваното претпријатие „Чистота и Зеленило“. Оттаму наведуваат дека уличките се тампонирани со гребен асфалт.

Имавме одредена количина на гребен асфалт и ги тампониравме уличките каде беше најкритично, онаму каде што се задржува вода по дождливите денови и каде има кал. Граѓаните реагираа и успеваме со тампонирање да го санираме проблемот. Ќе продолжиме и во иднина. Наскоро ќе се тампонираат уличките во новата парцела на градските гробишта, изјави директорот на претпријатието, Сашо Томиќ.

Претходно, на гробиштата беше поставена урбана опрема за собирање на смет, бидејќи граѓаните реагираа за недоволен број на контејнери. На гробиштата има екипи за депонирање и транспорт на отпад кој се собира два пати неделно поради големите количини на цвеќе, гранки. Чистењето го спроведуваат екипите на претпријатието.