Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Македонија

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, за денеска повикани пет сведоци на Обвинителството 

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство  денеска во судницата во „Идризово“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство  денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Случајот го води судијката Дијана Груевска-Илиевски и се наоѓа во доказна постапка, а на денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани пет сведоци.

На претходното рочиште пред Судот беа сослушани повеќе сведоци.  Сведокот Горан Игновски, кој повеќе од 34 години работи со продажба и сервис на опрема за изнајмување за настани – озвучување, осветлување и сценски ефкети, изјави дека година и половина пред трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани им продал опрема (бокс за далечинска активација) и прскалки на Панчо и член од ДНК. 

Реклама
Во несреќата во дискотеката во Кочани, според првичните информации од Општина Штип, загинати се пет лица од оваа општина од кои три деца. 

Вработена во сметководствено биро кое соработувало со Агенцијата за обезбедување Рубикон, сведочеше дека никогаш не сретнала некаков материјален документ дека помеѓу Пулс и Рубикон постола деловна соработка. 

Вработена во подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Кочани, изјави дека во врска со дискотеката „Пулс“ не добила никаква документација, како и дека подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството – кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.