Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Економија

Продолжува исплатата на субвенции во земјоделството и инвестициите во сточарството

Денеска се реализирани две исплати кон земјоделците. Реализирана е исплата во вкупна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска се реализирани две исплати кон земјоделците. Реализирана е исплата во вкупна вредност од 265.720.530,00 денари кон 4.659 земјоделци за дополнителни директни плаќања за мерка 1.3 за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афионова чушка од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, информира МЗШВ.

-Ова е тековна исплата за 2024 година и е наменета за поддршка на производството на наведените земјоделски култури во 2024 година. Воедно, денеска се исплатени и средства во висина од 16.041.565,00 денари од Мерката 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства подмерка 121.1 Набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата Буша), од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, велат од МЗШВ.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со исплата на субвенции и инвестиции.