Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Продолжува амандманската расправа по предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба

Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за политички систем и односи меѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред е продолжувањето на амандманската расправа по Предлог на законот за судска служба и Предлог на законот за јавнообвинителска служба, и двата во второ читање.

За Предлог-законот за судска служба поднесени се над 100 амандмани од пратеничките групи на СДСМ, Европски фронт и Левица, а за јавнообвинителска служба 27 амандмани од пратеничката група на СДСМ.

Заменик-министерот за правда, Ален Деребан во образложението потенцира дека Предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба се резултат на повеќегодишна работа, широк и инклузивен консултативен процес, како и усогласување со актуелната законска рамка и реформските приоритети на државата. Посочува дека работната група ги изработила текстовите на законите пред една година, по што биле објавени на ЕНЕР на јавна консултација. Toj кажа дека при тоа биле доставени бројни забелешки и предлози од релевантни институции, стручната јавност и засегнатите страни, кои биле внимателно разгледани и соодветно вградени во нацрт-текстовите.

Реклама

-Во меѓувреме беше донесен новиот Закон за административни службеници, а беа склучени и колективни договори за вработените во судовите и јавните обвинителства. Поради овие новонастанати околности беше неопходно дополнително усогласување на законските решенија. Како системски закон, Законот за административни службеници веќе го уредува статусот на дел од судските и јавнообвинителските службеници кои непосредно работат на предмети, поради што новите закони се усогласени со оваа правна рамка. Особено значајно е што во двата закона е изрично утврдено дека ниту едно стекнато право на постојните вработени не се губи. Напротив, сите права остануваат целосно заштитени, со што се обезбедува правна сигурност и институционален континуитет – рече Деребан.

Во делот на платите, како што нагласи Деребан, една од клучните цели на реформската агенда била унапредување на материјалниот статус на судските и јавнообвинителските службеници. Оваа цел, како што рече, веќе е реализирана преку колективните договори, а нивните решенија се инкорпорирани и во законските одредби.

-Новите законски решенија воспоставуваат посебен и современ систем за судската и јавнообвинителската служба, прилагоден на нивната специфична улога во правосудниот систем. Се воведуваат јасни, транспарентни и мерит-базирани правила за вработување, унапредување, оценување и мобилност, врз основа на однапред утврдени и објективни критериуми. Истовремено се зајакнува институционалната функционалност преку поефикасно управување со човечките ресурси и намалување на административните пречки. Законите предвидуваат и современи механизми за задржување и мотивација на стручниот кадар, вклучително преку додатоци на плата, наградување за исклучителни резултати и унапредени можности за професионален развој – нагласи Деребан.

Со овие законски решенија се исполнуваат обврските од Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028, се зајакнуваат капацитетите на правосудните институции и се создаваат предуслови за поефикасен, понезависен и поквалитетен правосуден систем во интерес на граѓаните.

Предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба се и на денешната седница на собраниската Законодавно-правна комисија.