Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Продолжи судењето за трагедијата во скопско Tафталиџе со аудиоснимки од пријавите за семејно насилство

„Ќе ја убие мајка ми, ме тепаше и мене“ гласот на Катја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ќе ја убие мајка ми, ме тепаше и мене“ гласот на Катја се слушна во судница од аудио снимките од повиците кон 112  кои ги изведуваше обвинителството. Се презентираа и видео снимка од падот од балкон на Ивана до 6 годишното дете, која Стојанче Јовановски не сакаше да ја гледа и да слуша.

Претходно, се презентирааа аудио снимки од пријавувите и на соседите од 2024, до 2026 година, во кои биле пријавувани бучава, вресоци и плач на дете од станот каде што живееле, како и случаи кога Ивана барала помош на бројот 112, наведувајќи дека сопругот ја малтретира или дека не ѝ дозволува да влезе дома. Беше презентиран и фајл, во кој пријавител е мајката на Стојанче, Цветанка Јовановска, од 20 декември лани во кое цело време се слуша Катја како гласно плаче.

  • Во позадина се слуша плачењето на Катја што е толку гласно што Цветанка не се слуша што зборува. Катја силно плаче и вели „ќе ја убие мама“. На прашање на операторот што има таму, Цветанка одговара обид за убиство. Катја го засилува плачот и викањето и со силен глас вика „татко ми ќе ја убие мајка ми“. Цветанка пријавува дека детето е многу потресено и го зела детето со себе. Додава дека и детето е тепано, удирано. Катја низ плач вели „и мене ме удри и мене ме удри““– рече обвинителката.

Ивана три пати пријавувала и на втори март годинава неколку часа пред самоубиството. Во вториоТ повик се слуша расправија и викање меѓу Ивана и Стојанче. Ивана постојано се правда и вика, „не те местам“ и „зошто ми се закануваш“, а во позадина се слушаат и ударите, рече обвинителката. Во третиот повик пак околу пладне на 192 и кажува дека сака да пријави семејно насилство..

Реклама
  • Таа почнува да вика „престани да ме удираш, престани да ме удираш“. Стојанче уште погласно вика „не лажи“. Ивана за цело време се брани „дали јас те имам наместено, дали ти реков дека Мартин те има наместено, немам кажано такво нешто. Сѐ што имаш направено си имаш направено сам“… Ѝ вика на Ивана, „ниту Катја ќе ја видиш, ништо нема да видиш. Ако сакаш пријави ме, кај сакаш иди. Ќе лежам во затвор, ќе излезам“. Потоа ѝ вели „подобро убиј ме“. И пак го повторува истото. Потоа ѝ вели „друго немаш избор, памти ми го ова““ – рече обвинителката.

Во еден момент додека се презентираше снимката обвинетиот Стојанче рече во судницата „Мартин е ова“, по што судијата го опомена дека ќе го отстрани од судницата. Последниот прикажан фајл во судницата е од критичниот ден кога Стојанче бара да се викне брза помош, откако Ивана и Катја паѓаат од терасата.

Се слушна една снимка во која Стојанче ја пријавува жената дека го тепа и тврди дека тоа се случувало и претходно. Јовановски се товари за телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство, поврзано со трагедијата од март годинава, кога Ивана Јовановска скокна од шести кат во Тафталиџе, при што животот го загуби и нивното шестгодишно дете.