Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите

Со испитување на сведок и изведување на видео-докази од системот „Безбеден град“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со испитување на сведок и изведување на видео-докази од системот „Безбеден град“, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, при што одбраната оспори дека постојат директни докази оти обвинетиот му го доверил возилото на својот син и оцени дека Обвинителството не било соодветно подготвено при презентацијата на доказите.

На денешното рочиште сведочеше студентка на Архитектонскиот факултет, пријателка на Васил Јованов од основно и средно училиште, која изјави дека била со него на денот на трагичниот настан, но дека претходно со години немале близок контакт.

– Бев на денот на настанот кога се случи, а претходно не се немавме видено од средно. Сум се возела еднаш или двапати претходно со тоа возило, но тоа не било често. По завршувањето на средното училиште започнав на факултет и со Васил се оддалечивме, односно не се гледавме толку често, изјави сведокот.

Реклама

На прашања од Обвинителството во врска со тоа колку пати и кога се возела со Васил како сопатник, сведокот одговори дека тоа било пред три до четири години. Во однос на тоа дали Васил подолг временски период располагал со автомобил и дали возилото му било дадено од татко му, таа изјави дека никогаш не разговарале на таа тема и дека тој не ѝ се пофалил дека користи возило без возачка дозвола, додавајќи дека, според нејзино сознание, бил и казнет поради тоа што еднаш го земал возилото без дозвола.

Прашана дали забележала несоодветно однесување од страна на Васил како учесник во сообраќајот, сведокот наведе дека нема возачка дозвола и не управува моторно возило, поради што не може да оцени дали неговото возење било соодветно или не.

Во текот на вкрстеното испитување, одбраната повеќепати реагираше дека се поставуваат наведувачки и непрецизни прашања, истакнувајќи дека во постапката не постои директен доказ дека таткото му го доверил возилото на Васил.

Во продолжение, Судот пристапи кон изведување на три видео-записи од системот „Безбеден град“, за кои бранителот на Јованов оцени дека од нив не може со сигурност да се утврди идентитетот на лицето, ниту прецизната локација и нивната релевантност за предметот.

Првиот видео-запис, направен на 27 јануари 2025 година, според Обвинителството прикажува лице и патничко возило „Пежо 207“ кое се движи по крајната десна лента на булевар. Одбраната приговори дека од снимката не може со сигурност да се утврди дека се работи за Васил Јованов, посочувајќи дека системот „Безбеден град“ нема можност за препознавање лица, што, како што беше наведено, е потврдено и со писмена документација.

Слични приговори беа изнесени и за вториот видео-запис, снимен на 25 јануари 2025 година, при што одбраната нагласи дека не може да се утврди кој управувал со возилото, ниту неговата регистрација, оценувајќи дека ваквите снимки немаат јасна доказна вредност и првпат се презентираат во судница по повеќе месеци од почетокот на постапката.

Во текот на изведувањето на доказите дојде до подолга расправа меѓу странките околу начинот на презентација, при што одбраната, според своите наводи, укажа на неподготвеност и на користење интернет-платформи за прикажување на материјалите, барајќи доказите да бидат јасно и прецизно означени со време и секунда.

Судот укажа дека доказите треба да се изведуваат во рамките на предметот и без толкување надвор од контекст, оставајќи ја оценката за нивната доказна вредност за завршната фаза на постапката.

Судењето против Зоран Јованов, татко на Васил, кој во јануари 2025 година, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“, која почина на лице место, почна во јуни 2025 година.