Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Продажбата на „Еурокомпозит“ им донесе надеж на поранешните вработени – вратени им се дел од побарувањата

Продажбата на некогашниот гигант во наменската воена индустрија, прилепски „Еурокомпозит“, ги врати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продажбата на некогашниот гигант во наменската воена индустрија, прилепски „Еурокомпозит“, ги врати надежите кај поранешните вработени. По повеќе од 15 години агонија и голгота, овој последен македонски загубар конечно е продаден пред два месеци на полско-македонскиот конзорциум „ФХР Армор Логистик“ и „Футура мода Д&A“.

Новиот газда веќе им ја исплати и првата од вкупно четирите рати од околу 1,2 милиони евра, кои работниците ги имаат како побарувања по различни основи. Останатите три рати работниците ќе ги добиваат во наредните три години, по една рата годишно. Според работниците, иако ова се само 65 проценти од нивните побарувања, сепак тие се колку-толку задоволни. Но она што ги загрижува се нееднаквите парични побарувања кои сега лично од нив ги бараат адвокатите и извршителите.

„Не знам, адвокативе што ни беа ангажирани, сите различно ни бараат пари. Извршителите исто така. Што извршија тие за ние да им платиме?! Тоа беше сето извршено. Адвокатите, по 30-40 нè застапуваа и сега бараат по луѓето наеднаш да им ги платат парите“, вели Цветан Бунтески, поранешен вработен во „Еурокомпозит“.

Реклама

Работниците, освен што очекуваат побарувањата да им бидат исплатени до крајот на 2028 година, некои од нив се надеваат и на повторно вработување. Ова, особено по потврдата и од Владата дека „Еурокомпозит“ не само што ќе биде рестартиран, туку ќе биде зголемен и асортиманот на производи, вклучувајќи дури и производство на дронови, иако во моментов фабриката е во очајна состојба.

„Фабриката е катастрофа. Значи, на милост и немилост беше оставена 3-4 години откако полицијата ја напушти. Кога ја презеде стечајната управничка, стави обезбедување, но голем простор е. Кажуваат дека сето е испустено. Наводно, почнале нешто да прават новиве газди – вода, струја, има веќе ангажирано и наши поранешни вработени“, објаснува Бунтески.

Инаку, според најавите од државата, рестартираниот „Еурокомпозит“ треба да го прошири и модернизира своето производство согласно потребите на домашните и странските пазари. А целосното сопствеништво врз компанијата новите газди треба да го преземат по исплатата на сите побарувања, односно кон крајот на 2028 година.