Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Економија

Проданоски: Постојат индикатори кои покажуваат дека економијата се движи во позитивен правец

На денешната собраниска седница за пратенички прашања имаше обраќање пратеникот од редовите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната собраниска седница за пратенички прашања имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски, кој постави три прашања до министерката за финансии Димитриеска Кочоска во однос на мерките кои Владата ќе ги спроведува и инвестициите кои придонесуваат за раст на економијата .

„Како Влада најавивте политики и мерки кои ќе ги спроведувате, а се директно или индиректно и поддршка на македонската економија. Како една таква мерка е и најавата за пониски царини за 70 производи за кои царината ќе се намали за 50 % од први јули а 50% понатаму во текот на годината. За кои стоки се однесува намалувањето и што ќе значи тоа за компаниите? Беше долго зборувано во јавноста ова прашање, на што се однесува ова и во која насока би одела оваа мерка“, вели Проданоски.

Проданоски посочи дека постојат податоци кои покажуваат  дека економијата се движи во позитивен правец.

Реклама

„Понатаму она што значи реализација на инвестиции што се поврзува во јавноста со јавниот долг особено, последните податоци за нивото за јавен долг објавени од Министерството за финансии покажуваат дека тој е под 60%, и дека е намален за 4,7 процентни поени во споредба со крајот на годината, има раст на индустриското производство за 5,2% и раст на просечната нето плата од 10,5%. Овие индикатори наспроти обвинувањата на опозицијата покажуваат дека нашата економија се движи во позитивен правец“, истакна Проданоски.

Проданоски продолжи и го постави третото прашање за реализацијата на капитални инвестиции.

„Дали Владата ќе опстои на ваквата определба и во наредниот период имајќи ги во предвид најавените инвестиции во големи и инфраструктурни проекти? Каква е реализацијата со капиталните инвестиции, прашање кое неколку години се одбегнуваше да се постави поради политиките на една претходна Влада, која имаше поинакви приоритети од она што го гледаме сега“, рече Проданоски.