Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Пробиштип ги врачи признанијата на најдобрите спортисти и спортски здруженија

Општина Пробиштип седма година по ред во Домот на културата „Злетовски рудар“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Пробиштип седма година по ред во Домот на културата „Злетовски рудар“ ја организираше манифестацијата „Избираме најдобар спортист и спортска екипа за 2025 година“, на која им се оддава признание на најуспешните спортисти, тренери и спортски работници од нашата општина.

Во писменото соопштение од Општина Пробиштип се вели дека во соработка со претставниците на спортските клубови и здруженија беа номинирани и избрани најдобрите спортисти и спортски клубови. 

-Спортист на годината, кој се натпреварува надвор од општина Пробиштип е одбојкарот Филип Савовски. Признанието спортист на годината, кој се натпреварува во рамки на општина Пробиштип, Бојана Пешoвиќ, карате. Спортски подвиг на годината – Горан Митков, планинарство. Млад надежен спортист – Михаил Томев, карате. 

Реклама

Најдобар тренер за 2025 година – Љупчо Русевски, одбојка. Спортско здружение на годината – Спортско планинарско друштво (СПД)- Пробиштип, соопштуваат од Општина Пробиштип. 

Признание за трајни вредности во спортот  доби фудбалерот Анѓел Коцев, за исклучителен придонес во развојот, афирмацијата и промоцијата на спортот во Општината признанија добија кошаркарите и кошаркарките Зоран Стојановски, Мики Лепитков, Лидија Илиевска и Лалица Митовска.

-Свое обраќање имаше градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски, како и Илија Ристески од Министерството за спорт.  На манифестацијата присуствуваа претставници на спортски здруженија, спортисти, членови на Советот на општина Пробиштип и бројни љубители на спортот, велат од Општината.