Реклама
Прилози

🎥 Проба власт, опозиција, независно делување – кој е Скендер Реџепи, кандидатот на ДУИ за градоначалник на Скопје?

Беше во Алетернатива, ќе ја напушташе, па се премислуваше. Глумеше опозиционер, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Беше во Алетернатива, ќе ја напушташе, па се премислуваше. Глумеше опозиционер, а сакаше да биде власт. Ја расипа калимерата со Алтернатива, кога оваа партија беше дел од владејачкото мнозинство и ја напушти. Делуваше како независен пратеник, под превезот на политичките договори, па за после тоа да формира партија и да коалицира со ДУИ во рамки на Европскиот фронт. И доцна му беше, оти лани кога падна договор за коалицијата, ДУИ отиде во опозиција. Кој е Скендер Реџепи, од Народно движење кој Али Ахмети му даде амин за да биде кандидат за градоначалник на Скопје?

Алтернатива влезе во владината коалиција на крајот на 2021 година, кога премиер беше Зоран Заев со што на некој начин се спаси кревкото мнозинство. Шест месеци подоцна, тој одлучи да делува независно и преку писмо го информираше тогашниот собраниски спикер, Талат Џафери. Не му беше доволно, па си формираше своја партија во 2022 година, за пред парламентарните избори лани, да се обедини со ДУИ.

Вчера партискиот лидер Али Ахмети ја објави кандидатурата на Реџепи, фалејќи го дека има долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество и дека е јасна алтернатива на Скопје.

Реклама

Со целосно единство и со заедничка одлука, се договоривме дека наш кандидат за градоначалник на Скопје да биде Скендер Реџепи кој е претседател на политичката партија Народно движење, напиша Ахмети.

Реџепи во градоначалничката трка за Скопје ќе се бори со Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Општина Кисела вода и поранешната министерка за животна средина Каја Шукова која е кандидат на социјалдемократите. И Коалицијата Вреди најави дека ќе има свој кандидат, но името се уште не е објавено.

Како што соопшти собранискиот спикер Гаши, изборите ќе бидат распишани на 8 или 9 август. Можни датуми за локалните избори се 19 октомври за прв круг, а 2 ноември втор круг. Кампањата за локалните избори ќе почне 20 дена пред изборниот молк, односно на 28 септември.

Најдоцна 35 дена пред локалните избори, партиите мора да ги регистрираат своите кандидати за градоначалници и советници во општинските изборни комисии. Ќе се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.