Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Привремено дозволено пушење на терасите на локалите отворени од најмалку две страни, забрана за електронските цигари во затворен простор, потврди Алиу

Прифатено е одложувањето на примената на законот за пушење на отворени тераси…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прифатено е одложувањето на примената на законот за пушење на отворени тераси од три страни за да им се остави време на сопствениците на локалите да може инфраструктурно да ги приспособат кон барањата на законот. Во однос на електронските цигари, тие ќе бидат забранети за корисетње во затворен простори, а забранети за продажба ќе бидат и сите вкусови што се атрактивни за младите – најави министерот за здравство Азир Алиу одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

– Процесот за забелешки за тој закон е веќе завршен. Работните групи имаа консултации со стручните лица и со сите „стејкхолдери“ во државата. Исто така, јас и премиерот заедно имавме неколку состаноци и со производители и со потрошувачи, но исто така и со компании, ресторани, кафулиња и така натаму. Дефинитивно, имаше забелешки, кои беа логични и може да бидат прифатени. Но, имаше и такви што не беа прифатени. Прифатено беше одложувањето на примената на законот за тераси – отворени тераси од три страни, кои, за жал, сега се затворени. Им треба време за да може инфраструктурно да се приспособат на законот – појасни министерот во врска со новиот закон за заштита од пушење на населението.

Продажбата на електронски цигари со вкус било половично прифатено барање.

Реклама

– Барањето кое половично е прифатено беше продажбата на електронските цигари со вкус. Има вкусови што се директно наменети за младата популација. Целта на законот е заштита на населението со фокус на младите. Како држава сме на врвот во Европа по користење нетрадиционални таканаречени помалку штетни или модерни електронски цигари и ќе бидат забранети сите вкусови што се благи и атрактивни за младите, а според направените анализи и според барањата, ќе дозволиме да се продаваат само електронски цигари со неутрален вкус и со вкус на тутун – истакна министерот.

Барањето што не се прифатило било електронските цигари да продолжат да се користат во затворени простории.

– Тоа не беше прифатено. Цениме дека тие се исто така штетни колку што се традиционалните цигари и нема да биде прифатено тие да се користат во внатрешни простории – нагласи министерот.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: