Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Приведени двајца соственици и управители на златара поради сомнение за даночно затајување со што е оштетен држвниот буџет од 64.924.298 денари

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против лицата Б.А. и Д.Х., во својство на сопственици и управители на правниот субјект АРЃИРА ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување” од член 279 од Кривичниот Законик на Македонија.

Првопријавениот Б.А. во својство на сопственик и управител на третопријавениот правен субјект АРЃИРА ДООЕЛ Скопје со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за третопријавениот правен субјект, во периодот 2020 – 2023 година присвоил за себе трговска стока – златен накит во вредност од 197.742.227 денари, при што не пресметал, не пријавил и не уплатил ДДВ по даночна стапка од 18% во вкупен износ од 35.593.601 денар и Данок на личен доход по даночна стапка од 11,11% во вкупен износ од 21.969.161 денар, притоа придизвикувајќи штета на буџетот на РСМ во вкупен износ од 57.562.762 денари, соопшти Управата за финансиска полиција.

Второпријавениот Д.Х. во својство на сопственик и управител на третопријавениот правен субјект АРЃИРА ДООЕЛ Скопје во 2024 година со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за третопријавениот правен субјект, во текот на 2024 година дел од увезената стока – златен накит и необработено сребро во износ од 2.628.932 денари како и сметководствено евидентираниот кало-растур во грама 7.822,61, односно во износ 22.659.754 денари, ги присвоил за себе, на кој начин избегнал да пријави, пресмета и плати ДДВ по даночна стапка од 18% во вкупен износ од 4.551.963 денари и данок на личен доход по даночна стапка од 11,11% во вкупен износ од 2.809.573 денари, притоа предизвикувајќи штета на буџетот на Македонија за 2024 година во вкупен износ од 7.361.536 денари.

Реклама

Со преземените дејствија пријавените во периодот 2020 – 2024 година се стекнале со противправна имотна корист за себе и за третопријавениот правен субјект АРЃИРА ДООЕЛ Скопје, со што го оштетиле Буџетот на Р. Северна Македонија во вкупен износ од 64.924.298 денари.

По насоки на Основно јавно обвинителство Скопје, службени лица на Управата за финансиска полиција денеска ги привеле пријавените лица.