Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Судот им одреди 30-дневен притвор на директорот и раководителот во „Комунална хигиена“

Директорот на „Комунална хигиена“, Рустеми, и неговиот раководител во претпријатието, Саити, заминуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на „Комунална хигиена“, Рустеми, и неговиот раководител во претпријатието, Саити, заминуваат зад решетки во затворот Шуто Оризари, откако судот им одреди 30-дневен притвор.

Одлуката следи откако Обвинителството официјално отвори истрага против нив и побара тие да бидат ставени зад решетки поради опасност од влијание врз сведоците и можност за повторување на делото.

Инаку, Обвинителството ги товари Рустеми и Саити дека, со тоа што го оставија Скопје да потоне во ѓубре и да се претвори буквално во депонија, дозволиле ширење на заразни болести и директно го довеле во опасност животот и здравјето на граѓаните.

Реклама

Формално ќе се гонат за делото „загрозување на животната средина со отпад“.
„Со пропуштање на целосниот надзор над собирањето и транспортирањето на комунален отпад, како и со непрописно управување со отпадот, тие овозможиле во текот на месецов да се создадат мали депонии, со што предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и водата и го довеле во опасност животот и здравјето на луѓето од предизвикување заразни или други болести“, велат од Обвинителството.

Засега останува непознато дали истрагата ќе биде проширена и ќе опфати други лица. Од МВР и Обвинителството не одговорија директно дали истрагата ќе ја опфати и актуелната градоначалничка Данела Арсовска или други вработени кои биле надлежни за редовното празнење на контејнерите. Велат – засега пријава има само за овие двајца.