Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Притвор за 41-годишната жена од Кратово осомничена за узурпација на локалитетот „Куклица“

Притвор заработи 41-годишна жителка на Кратово, осомничена за узурпација на локалитетот „Куклица“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Притвор заработи 41-годишна жителка на Кратово, осомничена за узурпација на локалитетот „Куклица“ и спречување службени лица во вршење службени дејствија. Основниот суд Куманово ја прифати мерката по предлог на Основното јавно обвинителство Куманово.

Според Обвинителството, осомничената подолг период, и покрај досега преземените мерки, продолжила незаконски да го узурпира локалитетот „Куклица“, кој е прогласен за споменик на природата, и без правен основ им наплаќала влезници на посетителите. Воедно, како што наведуваат, се расправала и им се заканувала на посетителите, со што постојано го нарушувала јавниот ред и мир.

При последниот инцидент, според Обвинителството, таа физички нападнала и ги спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат, по што против неа е поведена постапка и ѝ е одреден притвор.