Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Куќен притвор за двајца кои се осомничени за убиството на докторот Ацо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Куќен притвор за двајца кои се осомничени за убиството на докторот Ацо Трпковски во Железара. Судот го прифатил барањето на обвинителот да има 48 часовен домашен надзор на можните убијци на 67-годишниот матичен лекар од Скопје.

„Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара. Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена“, велат од Обвинителството.

До вчера беа приведени вкупно три лица. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, рече дека според истрагата, утврдено било дека мотивот за убиството не е поврзан со професијата која што ја обавувал матичниот доктор. Се прегледувале дестици камери, а вчеравечер се вршело претрес на одредена локација во Скопје.

Реклама

Полицијата преземала 20 истражи дејствија, прегледани биле над 50 камери и  видео записи за една недела за да се открие кој го уби докторот.

Шеесет и седумгодишен лекар на 22 март беше пронајден со девет убодни рани во неговиот автомобил на паркинг во непосредна близина на поликлиниката  во скопска „Железара“.