Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Прилепските првачиња имаа едукативна претстава за безбедност во сообраќајот, следни се матурантите

Повеќе од 600 прилепски првачиња денеска присуствуваа на едукативната театарска претстава што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 600 прилепски првачиња денеска присуствуваа на едукативната театарска претстава што се одржа во големата сала на Центар за култура „Марко Цепенков“, во организација на Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и Општина Прилеп. 

Претставата со наслов „Застани, погледни, па на пешачки помини“ е дел од едукативната кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

-Сакаме да ги подигнеме сообраќајната свест и култура кај најмладите учесници во сообраќајот. Со претставата децата се запознаваат со основните пртавила и прописи како самостојно да учествуваат во сообраќајот за да не се случуваат несакани последици, изјави Горан Ангеловски, претседател на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Реклама

Следната активност е насочена кон безбедноста на матурантите за време на матурските прослави која дава резултати.

– Главната цел е да им укажеме на матурантите да не консумираат алкохол и да не управуваат со возило, туку да користат организиран такси превоз или јавен транспорт. Овие кампањи даваат резултати – минатата година немавме ниту еден случај со смртно настрадан матурант – додаде Ангеловски.

Прилеп ги детектира критичните точки во сообраќајот и прави сообраќајна студија. Со дронови ги следи состојбите и бројот на возилата на крстосниците. 

-Сметам дека постепено ја подобруваме безбедноста во градот, но сѐ уште сме далеку од оние норми кои треба да ги имаме, како европска земја. Тоа ќе го правиме во подобрувањето на инфраструктурата. Се консултираме со Техничкиот факултет од Битола за да знаеме што сѐ треба да направиме пред да ја направиме сообраќајната студија за отстранувањето на критичните сообрајни точки во градот. Ги има три. Станува збор за крстосници. Минатата недела лансиравме дронови кои снимаат крстосници, односно бројат сообраќај. Измеривме неколку крстосници каде има сериозно задушување на сообраќајот. Бројките ќе ги доставиме до Техничкиот факултет кој ќе ни даде решенија за тие критични точки, објаснува прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.