Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Пријавете се за „Мис Македонија 2025“: Годинава се избираат 5 убавици – ова се деталите

По успешното прво издание на „Мис Македонија“ во 2024 година, кога земјата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По успешното прво издание на „Мис Македонија“ во 2024 година, кога земјата за првпат доби своја претставничка на изборот за Miss Universe во Мексико, годинава следува ново, уште поголемо издание на оваа манифестација која полека прераснува во традиција.

Финалната вечер на „Мис Македонија 2025“ ќе се одржи на 25 септември во Националната Опера и Балет во Скопје, а за првпат, наместо една, ќе бидат избрани пет победнички, кои ќе ја претставуваат Македонија на пет различни интернационални сцени: Miss Universe, Miss World, Miss Cosmo, Miss Grand International и Miss Supranational.

„Минатата година покажавме дека Македонија има капацитет да организира манифестација од светски ранг. Оваа година одиме чекор понатаму, со повеќе можности за нашите девојки и со амбиција ова да стане настан кој секоја година ќе го става фокусот врз македонската убавина, култура и потенцијал“, вели Шакир Села, главен организатор на изборот.

Реклама

Минатогодишниот избор беше прв настан од ваков тип организиран во државата на професионално ниво, со внимателна селекција, медиумска поддршка и сценска продукција според светски стандарди. Оваа година се очекува уште поголем интерес, како од потенцијалните кандидатки, така и од јавноста и бизнис-заедницата.

Апликациите се веќе отворени!

Пријавувањето е достапно за сите девојки од Македонија кои имаат желба и амбиција да се натпреваруваат и да станат дел од оваа престижна манифестација.

Крајниот рок за апликации е 1 септември 2025.

Линк за апликација: https://www.missnorthmacedonia.com/