Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Приемен ден во Општина Кисела Вода, остварени средби со околу 50 граѓани

На редовниот приемен ден во Општина Кисела Вода средба со градоначалничката Бети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На редовниот приемен ден во Општина Кисела Вода средба со градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска оствариле околу 50 жители на општината. На средбите, како што соопштија од локалната самоуправа, се разговарало за тековни прашања, проблеми и предизвици со кои се соочуваат граѓаните, како и за нивните предлози за подобрување на условите за живеење.

Според градоначалничката, приемните денови се можност за директен контакт со граѓаните и за навремено согледување на нивните потреби.

-И оваа сабота ја посветив на граѓаните. Разговаравме за различни проблеми и идеи, со цел да ги најдеме најсоодветните решенија и да придонесеме за поефикасно унапредување на состојбите во општината, нагласува Стаменкоска Трајкоска.

Реклама

Покрај средбите во општината, таа реализирала и повеќе од 20 телефонски разговори со жители кои не можеле да присуствуваат лично. Според неа, ова овозможува да се опфатат повеќе прашања и да се обезбеди поголема достапност на локалната самоуправа.