Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Презентирана Стратегијата за развој на ЗОО Скопје: Фокус на едукација, заштита и хуман третман на животните

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска ја презентираше Стратегијата за развој на Зоолошката градина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска ја презентираше Стратегијата за развој на Зоолошката градина во Скопје, со која започнува ново поглавје во развојот на оваа институција. Стратегијата поставува јасна и амбициозна визија за трансформација на Зоолошката градина во современ центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните. 

– Зоолошката градина во Скопје ќе стане водечки центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните. Стратегијата за развој на Зоолошката градина во Скопје носи јасна визија за модерна, одговорна и хумана институција. Со неа правиме суштински исчекор од поимот на зоолошка градина како место за забава, кон центар за едукација, заштита на природата и грижа за животните, стои во објавата на социјалните мрежи на градоначалникот Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Нашата цел, како што посочува тој, е Зоолошката градина да стане училница на отворено, каде децата ќе заминуваат не само со спомени, туку и со знаење, свест и емпатија кон природата.

Реклама

– Едукацијата е најсилната алатка за долгорочна заштита на биодиверзитетот. Клучен столб на стратегијата е трансформацијата на градината во функционално прифатилиште за заштитени и ранливи видови, со професионална ветеринарна грижа и безбедни услови. Скопје ја презема моралната обврска да биде дом за животните кои не можат сами да опстанат во дивината, истакнува Ѓорѓиевски.

Стратегијата, како што вели градоначалникот, е целосно усогласена со строгите стандарди на EAZA, со јасна цел за полноправно членство. 

– Тоа значи високи стандарди за благосостојба на животните, активна научна и конзервациска улога, како и највисоки норми за безбедност и одржливост. Планирана е и целосна модернизација на Зоолошката градина, подобри услови за животните, посетителите и вработените, енергетски ефикасни решенија, зголемена безбедност, како и нови содржини, меѓу кои и центар за хипотерапија за децата со посебни потреби, нагласува Ѓорѓиевски.

Според него, со овие чекори Зоолошката градина во Скопје ќе прерасне во современа, едукативна и хумана институција, место каде науката и грижата за животот се среќаваат. 

– Ова е амбициозна, но неопходна визија и затоа ги повикувам сите – институции, граѓански сектор и бизнис заедница да се вклучат во нејзината реализација, напиша скопскиот градоначалник.